Турските власти го одбија барањето на САД да го поништат договорот со Русија за испорака на противвоздушни ракетни системи С-400, соопштува „Хуриет“ повикувајќи се на извор во дипломатските кругови.
Прашањето за купување на С-400 во повеќе наврати во последно време е поставувано при руско-турските разговори, а најсвежиот пример потекнува од завчерашната вашингтонска средба на американскиот државен секретар Мајк Помпео и министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу.
Чавушоглу притоа рече дека Турција морала да постигне договор со Русија за купување на противвоздушни ракетни системи С-400 затоа што западните сојузници одбивале таков договор. Анкара, меѓутоа, како што наведе тој, подготвена да набави слични системи од САД доколку Белата куќа е „подготвена да ги продаде“.
Чавушоглу, исто така, ја нагласи затегнатоста во односите меѓу Турција и САД поради ситуацијата околу F-35, бидејќи Вашингтон ја истакнуваше можноста за укинување на одлуката за испорака на авионите.
Мајк Помпео претходно тврдеше дека Вашингтон работи на тоа Турција да не ги купи системите С-400 од Русија и дека смета дека тоа нема да се случи. Тој изјавуваше и дека САД ѝ понудиле на Турција алтернатива на руските ПВО системи С-400. Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган беше дециден, изјавувајќи дека неговата земја ќе ги купи системите С-400, без да прави никакви компромиси во однос на тоа прашање.
САД веруваат дека купувањето на системите С-400 од Русија е опасно, затоа што наводно би можело да доведе до протекување на информации за ловците F-35 кои Вашингтон имаше намера да ѝ ги испорача на Анкара.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче