„Системите ќе му бидат испорачани на нарачателот во најскоро време. Производството расте, сѐ се одвива согласно договорот“, изјави Чемезов во разговор со новинарите во Ново Огарево.
Раководителот на „Ростех“ зборуваше и за преговорите за испорака на С-400 на Саудиска Арабија. Како што нагласи тој, преговорите продолжуваат, но договорите сѐ уште не се потпишани. Кога станува збор за Анкара, договорот за купување е потпишан, но засега не станува збор за склопување на ПВО-системите во Турција.
Кина е првиот странски купувач на системите за ПВО „Триумф“, а според договорот склучен 2015 година, се работи за два полковски комплети. Првиот полк со ракети за С-300ПМУ-2 ќе биде испорачан кон крајот на оваа или на почетокот на наредната година, а вториот – во мај-јуни 2019. Во случајот со вториот комплет, нарачката може да опфати ракети со подобрени карактеристики. Договорот за испорака на С-400 склучи и Турција, а преговори за продажба на овој систем се водат со Индија и Саудиска Арабија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче