ПВО-систем С-400 „Триумф“.
Сергеј Малавко/РИА „Новости“Русија има добиено околу 10 барања за испорака на ПВО-системите С-400 „Триумф“, соопшти првиот човек на Федералната служба за воено-техничка соработка Дмитриј Шугаев во интервју за весникот „Комерсант“.
Според него, за ПВО-системите се забележува „голема побарувачка“. „Само за С-400 „Триумф“ се обработуваат околу десетина барања“, додаде тој.
Зборувајќи за договорот за продажба на С-400 на Турција, Шугаев истакна дека ова прашање е практично готов. „Но, не се работи за испорака на огнено оружје, туку за сериозен систем, затоа присутни се нианси“, изјави тој.
Шугаев изрази надеж дека наскоро ќе биде постигнат позитивен резултат. „Нашите „прекуокеански пријатели“, се разбира, негодуваат, но Турција е независна држава и самата може да донесува одлуки дали да купува или да не купува, дали да се поврзува или да не се поврзува. Овој систем ја покажа својата надмоќ во однос на сите останати, тоа е навистина најдобриот систем за ПВО кој постои денес“, потенцира Шугаев.
Зборувајќи за извозот на други видови техника, Шугаев соопшти дека 50 проценти од испораките се однесуваат на авиони и хеликоптери. Русија, според него, учествува со 27 проценти во испорака на борбена авијација во светот. „Додека САД, впрочем, според тој показател, макар што е мал, заостануваат. Впрочем, годинава се надеваме да видиме раст на обемите на испорака на сувоземна техника, чиј удел во вкупниот обем на извоз може да надмине 30 проценти“, истакна тој, пренесува „Лента.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче