„Купувачот во зависност од своите цели може да одлучи каков состав на борбениот комплет, каков однос на тешки и полесни ракети му е потребен за заштита на одредени објекти на територијата на земјата“, изјави Созинов, пренесува „Комерсант”.
Конструкторот објасни дека борбениот комплет содржи неколку типови противвоздушни наведувани ракети: со голем дострел, со среден дострел за противракетна одбрана и специјализирани ракети со среден дострел за уништување на најмасовните цели.
Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу вчера во Ханој изјави дека е потпишан договорот за испорака на С-400 на Турција. Според министерот, и други земји од Блискиот Исток и југоисточна Азија веќе покажале интерес за набавка на С-400.
Прочитајте зошто Турција го купува рускиот систем С-400?
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче