ТОС-1А „Буратино”
Александар Вилф/RIA Novosti„Постигнат е договор со Кралството Саудиска Арабија за испорака на противвоздушни системи С-400, противтенковски ракетни системи Корнет-ЕМ, тешки ракетни системи ТОС-1А, автоматски лансерина гранати АГС-30 и автоматски пушки „Калашников“ АК-103”, изјави Воробјова.
Таа исто така истакна дека двете земји на преговорите потпишале меморандум според кој Русија ќе ѝ предаде на Саудиска Арабија технологии за производство на противтенковскиот ракетен систем „Корнет-ЕМ”, тешкиот ракетен систем ТОС-1А „Буратино”, лансерот на гранати АГС-30 и автоматските пушки АК-103.
Покрај тоа, руската државна компанија за извоз и увоз на производи за воена намена „Рособоронекспорт” и саудиската военоиндустриска компанија потпишаа договор според кој на територијата на оваа арапска земја ќе се произведуваат автоматски пушки АК-103. Во документот се наведуваат општите услови за организација на лиценцирано производство на автоматски пушки и муниција.
Претходно Пентагон соопшти дека е загрижен поради плановите на Саудиска Арабија за набавка на руски противвоздушни системи С-400 „Триумф”, затоа што не се компатибилни со системите од американско производство.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче