Руските „Панцири“ одбија уште еден напад врз воздухопловната база Хмејмим?

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Според првичните податоци кои ни пристигаат од Сирија вчеравечер околу 21:30 часот имало обид за напад врз воздухопловната база „Хмејмим“. Притоа дејствувала руската ПВО и судејќи според сѐ успешно го неутрализирала нападот.

Сириски и либански извори соопштија дека вчеравечер имало обид за напад врз авиобазата „Хмејмим“. Според првичните податоци, во нападот учествувало најмалку едно беспилотно летало кое дошло од правец на Идлиб. Притоа врз целите во воздухот дејствувале екипажите на ПВО кои го бранат аеродромот.

Првичните информации кои доаѓаат од локалното население (жителите на градот Џабла кој се наоѓа недалеку од базата) велат дека на небото се забележани неколку одблесоци проследени со придушени детонации, а биле видливи и траги од ракети.

Според неофицијалните податоци противвоздушната одбрана дејствувала со две ракети и успеала да собори едно беспилотно летало на безбедно растојание од базата.

Погледнете го видеото: Противвоздушниот систем „Панцир-С1” на гаѓања покажа снајперска прецизност