Рускиот систем за ПВО доминира во Сирија: Соборен дожд ракети над базата Думајр

Youtube
Според различни извори кои се повикуваат на сириски медиуми, група противвоздушни системи „Панцир-С1“ кои се наоѓаат во состав на сириските војски, на 25 февруари извела успешно пресретнување ракети над воздушната база Думајр која се наоѓа недалеку од Дамаск.

Судејќи според сè, противвоздушната одбрана на воениот аеродром Думајр успешно одбила ракетен напад, така што пресретната и уништила ракети кои биле испукани во нејзината насока. Нападот е извршен со ласерска ракета 9К51 „Град“ со повеќе цевки од позициите каде се наоѓаат единиците на таканаречената „умерена“ опозиција. Овој напад е изведен како еден вид очајна реакција на подготовките на сириската војска за насилно ослободување на Источна Гуга (оваа операција веќе во тек, и засега се одвива мошне успешно).

Според овие извори, во насока на базата исфрлени се вкупно пет ракети од лансерот 9К51 „Град“ со повеќе цевки. Радарските станици на хибридниот противвозудшен систем 96К6 „Панцир-С1“ потоа регистрирале група од неколку минијатурни воздушни објекти кои со голема брзина се приближувале на базата. Откако било утврдено дека станува збор за ракети, системот молскавично реагирал и успеал да ги пресретне и да ги уништи сите пет ракети на засега непозната далечина и височина. Пресретнувањето најверојатно е извршено сп ракети кои се наоѓаат во стандардниот борбен комплет на системот – модел 57Э6Е. Успехот бил 100-процентен и ниту една непријателска ракета не успеала да ја достигне својата цел.

Да потсетиме дека ова не е првпат противвоздушниот систем 96К6 „Панцир-С1“ мошне успешно ги решава задачите за одбрана на предвидените реони, каде практично стана непреоден стражар за апсолутно сите типови воздушни цели. Така ноќта помеѓу 5 и 6 јануари оваа година, спречен е досега најмасовен напад на руските воени бази во Сирија. Целта на овој напад беа руската воздухопловна база „Хмејмим“ и пунктот за материјално-техничко обезбедување во пристаништето „Тартус“. Обидот за напад беше направен со 15 беспилотни ударни дронови кои беа прецизно насочувани од просторија оддалечена неколку десетици километри од руските бази. Групата руски системи од типот „Панцир-С1“ успешно собори седум од овие објекти, додека останатите ги неутрализираа системите за противелектронска борба.

Некаде на почетокот на октомври минатата година во реонот на градот Хама исто така беа соборени две ракети кои беа лансирани од 9К51 „Град“ со повеќе цевки. Овие ракети се исфрлени од позициите кои ги држеа единиците на „Исламска држава“. И во овој случај успешно реагираше „Панцир-С1“ и ги собори обата проектила. На списокот на соборени објекти се наоѓаат и три беспилотни летала од израелско производство од типот „Нерон“, едно турско беспилотно летало од типот „Бајрактар“ и едно американско беспилотно летало RQ-21 „Блекџек“. За последната цел се познати и параметрите за време на неговото соборување (по далечина околу 9 километри и по височина 5 километри).

Да потсетиме дека постојниот арсенал оружје кој е интегрален дел од противвоздушниот хибриден систем 96К6 „Панцие-С1“ неодамна е дополнет со најновата малогабаритна ракета која поседува уникатна конструкција и карактеристики. Нејзината основна функција е ефикасна борба против изразито малите и брзи цели, како што се на пример беспилотните летала или ракетите испукани од лансери со повеќе цевки. Поради своите минијатурни димензии, оваа ракета од страна на противводушната посада на системот „Панцир“ веќе дови свој препознатлив прекар „клинец“. Четири „клинец-ракети“ се наоѓаат во класичен лансирен контејнер што го користи стандардната ракета 57Э6Е во состав на системот „Панцир“. За разлика од стандардната ракета таа е многу поевтина и поедноставна според својата конструкција и е мошне рентабилна во борбата против воздушните цели кои немаат толкава вредност (различни типови преработени беспилотни летала, ракети од класата земја-земја лансирани од лансер за ракети со повеќе цевки, артилериски проектили и слично). Теоретски, еден противвоздушен ракетен систем „Панцир-С1“ може да биде вооружен со 32 „клинец-ракети“.

Прочитајте уште: Во Сирија забележан опасен „ловец“ на крстосувачки ракети и беспилотни летала?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња