Видео: Су-57 и „Кинжали” прелетаа над Москва

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Над Москва е одржана првата проба на воздушниот дел од Парадата на Победата, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

„Во 10 часот од аеродромот Кубинка полетаа хеликоптерите кои го отвораат воздушниот дел на Парадата. На предвиденото место им се приклучија авионите кои полетаа од седум аеродроми. Во 10:40 почна свечената програма над Црвениот плоштад. Во 11:00 часот пробата е завршена”, соопштија претставниците на руската војска.

Во воздушниот дел на Парадата на Победата во Москва учествуваат стратешки бомбардери Ту-95МС, Ту-160, Ту-22М3, авиони-танкери Ил-78, воени транспортни авиони Ил-76МД, ловци Су-30СМ и Су-35, МиГ-29, МиГ-31, бомбардери Су-24М, Су-34, јуришни авиони Су-25, хеликоптери Ми-8, Ми-24, Ми-26, Ми-28Н и Ка-52.

Првпат во Парадата на Победата учествуваат ловци од петтата генерација Су-57 и пресретнувачи МиГ-31К со хиперсонични ракети „Кинжал”.

Погледнете како ловците Су-57 се подготвуваат за своето прво учество на Парадата на Победата