Видео: Како ловците Су-57 се подготвуваат за своето прво учество на Парадата на Победата

Global Look Press
На воениот аеродром во подмосковскиот град Жуковски е извршени тренажни летови на ловците од петта генерација Су-57 кои с подготвуваат за своето прво учество на Парадата на Победата над Црвениот плоштад во Москва на 9 мај.

Видеоснимката од пробата на воената техника ја објави телевизиската станица „Ѕвезда“.

Парадните авиони ќе го привлекуваат вниманието, како што истакнуваат руските медиуми, и со посебната камуфлажа, а над Црвениот плоштад во Москва ќе прелетаат два ловци и покрај тоа што настапот „за не дај Боже“ го увежбуваат три воздухоплови. Во авијацијата е секогаш така, сѐ се прави паралелно и осигурува.

На Денот на победата над фашизмот во Втората светска војна од сите осум аеродроми на кои ќе бидат стационирани авионите и хеликоптерите кои учествуваат во свечената церемонија паралелно со парадните единици на небото ќе полетаат и резервните летала. Откако ќе дојдат до точките предвидени за средба и ќе се уверат дека нивните колеги го зазеле местото во парадната формација, екипажите на резервните авиони ќе се вратат во базите.

На парадата која во чест на Денот на победата над фашизмот во рускиот главен град се одржува 73 пат не се само авионите Су-57 кои ќе бидат првите што ќе учествуваат. На Црвениот плоштад ќе дефилираат првпат и пешадиските единици на воената полиција, БМПТ „Терминатор“, противвоздушните ракетни системи „Тор-М2“, како и борбените роботи.

Во свеченото дефиле на Денот на Победата во Втората светска војна во центарот на рускиот главен град ќе учествуваат повеќе од 13 илјади луѓе, 159 единици техника и 75 воздухоплови.

Прочитајте повеќе: На Парадата на Победата во Москва првпат ќе учествуваат роботи

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња