Борбениот роботички систем „Уран-9”
Виталиј В. Кузмин„Роботите деновиве пристигнаа во Алабино за да учествуваат на пробите“, изјави информиран извор за „Интерфакс”.
„Уран-6” е инженериско оклопно возило за деминирање на градови, шуми и планински терен. Тоа е самооден систем за деминирање кој може да поднесе блиска експлозија со сила до 60 килограми ТНТ. „Уран-6” има четири видеокамери, менлив прибор за отстранување на мини и механички фаќалки. На возилото исто така се наоѓа апаратура која овозможува утврдување на типот на детектираната мина.
Масата на возилото е шест тони, а со него се управува далечински на растојание до еден километар. Испитувањата на роботот при приемот во состав на воската се одржани во Чеченија, каде системите „Уран” исчистија од експлозивни предмети околу 80 илјади квадратни километри земјоделско земјиште. Оклопните возила на далечинско управување исто така се интензивно користени во Сирија. Еден робот ја заменува работата на 20 деминери.
Борбениот роботички систем „Уран-9” е наменет за извидување и огнена поддршка на пешадијата. Возилото тешко 10 тони е вооружено со автоматски топ калибар 30 милиметри и со митралез. Во зависност од поставената задача на куполата можат да се монтираат контејнери со наведувани противтенковски ракети „Атака”, реактивни пламенофрлачи „Шмељ” или и двата типа на оружје (на роботот може да се постават до шест контејнери).
Системот за наведување е повеќеканален, со оптички, ласерски и инфрацрвен канал. Со „Уран-9” се управува на далечина, преку радиоканал со псевдослучајна промена на фреквенцијата. Меѓу недостатоците на системот спаѓаат неговата мала брзина и слабата оклопна заштита. Испитувањето на беспилотното извидувачко возило ќе биде завршено 2018 година, соопшти претходно началникот на главната управа за научноистражувачка дејност на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Александар Миронов.
Првата проба за годинешната Парада на Победата е одржана на 9 април на полигонот во Алабино. Во свечената поворка на војската учествуваат и најновите модели на борбена техника кои претходно не се појавиле на Црвениот плоштад: борбените возила за поддршка на тенкови „Терминатор”, противвоздушните ракетни системи „Тор-М2” и ловците од петта генерација Су-57.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче