Авионот со закачена ракета учествува во пробите над подмосковскиот полигон Алабино. Фотографија од необичниот МиГ во празнични бои се појави на интернет.
За постоењето на хиперсоничниот систем „Кинжал“ се дозна на 1 март кога претседателот на Русија Владимир Путин во годишното обраќање до Федералното собрание на РФ зборуваше за ова ново оружје. Аеробалистичката ракета развива брзина од 10 маха, може да помине 2000 километри и во текот на целиот лет може да се управува со нејзината траекторија, додека системите за ПВО не можат да ѝ наштетат. Приоритетни цели на „Кинжал“ се големите бродови – носачите на авиони, крстосувачите и разурнувачите со наведувани ракети.
Од декември 2017 година овој систем е воведен во експериментално-борбена експлоатација во Јужниот воен округ. Носач на хиперсоничната ракета е стратосферскиот пресретнувач МиГ-31. Тој на соодветен начин е модифициран за овие потреби и веќе има зад себе преку 250 летови.
Претходно беше објавено дека во Парадата на Победата на 9 мај во Москва ќе учествуваат нови модели на борбена техника: борбеното возило за поддршка на тенкови „Терминатор“, системот за ПВО „Тор-2“, борбени роботи и ловците од петта генерација Су-57. Пробите за парадата во Алабино почнаа на 9 април.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче