Анкета: Сѐ поголем број на Руси веруваат во полова рамноправност во бракот

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Сепак, во пракса се чини дека нештата изгледаат поразлично.

Според Серускиот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ) – кој ја спроведе анкетата меѓу руски семејства и парови – огромното мнозинство од испитаниците сметаат дека мажите и жените треба да ги делат домашните обврски и одлуки.

82% од испитаниците ја поддржуваат идејата, а 72% одговориле дека веќе го прават тоа. Ова е огромен пораст во споредба со 2009 година, кога само 34% од анкетираните го делеа истото гледиште.

Обврски на мажите и жените

Истражувачите истакнуваат дека на повеќето домашни обврски (чувањето на децата, купувањето храна, чистењето и сл.) се гледа како на обврски за двата пола. Исклучок се само поправките и перењето – нив ги сметаат дека се соодветни за мажите (поправките), односно за жените (перењето).

Како и да е, во пракса нештата се поинакви. Според истата анкета, жените во Русија сѐ уште претежно се грижат не само за перењето (72%), туку за готвењето (57%) и пеглањето (63%). Сепак, ВЦИОМ нагласува дека се случуваат позитивни промени - со текот на годините сѐ повеќе луѓе тврдат дека сега ги делат домашните обврски.

Прочитајте повеќе за истражувањето: Русите сакаат повеќе деца во семејството