Истражување: Во Русија во изминатите две децении тројно зголемен бројот на противници на абортус

Кирил Брага/Sputnik
Според податоците на Министерството за здравство на Русија бројот на намерни прекини на бременост бележи пад.

Во руското општество конзервативниот поглед на низа проблеми, вклучувајќи го и абортусот е сè повеќе присутен. Уделот на Руси кои сметаат дека абортусот е неприфатлив е зголемен три пати во текот на изминатите 20 години и изнесува 35% во споредба со 12% од 1998 година, велат податоците од истражувањето кое го спроведе „Левада центар“ во декември минатата година.

Жените во поглед на ставовите спрема абортусот се порешителни отколку мажите, покажа испитувањето на јавното мислење во кое 37 отсто од жените го осудува вештачко прекинување на бременоста (наспроти 31 отсто од мажите).

Притоа разлики во ставовите на младите жени до 30 години и постарите припаднички на поубавиот пол не се регистрирани. Сепак, испитаниците од помалите градови се потолерантни, поради пониските приходи, спрема намерниот прекин на бременоста.

Според Министерството за здравство на Русија, бројот на абортуси се намалува. Во текот на последните пет години се извршени 250 илјади интервенции помалку (25%). Сепак, во 2016 година бројот на абортуси изнесувал околу 650 илјади што одговара на бројот на жители на руските градови Твер и Псков заедно.

Руската православна црква се залагаше за исклучување на абортусот од системот на задолжително здравствено осигурување, инсистирајќи на фактот дека „достапниот абортус останува апсолутно зло за руското општество, ја доведува во прашање високата вредност и неприкосновеноста на човечкиот живот, го поткопува семејството како темел на општеството и ја загрозува среќата на мажите и жените“. Меѓутоа, соодветниот нацрт-закон, кој група пратеници го подготви уште во 2015 година, не доби позитивно мислење од владата и од надлежниот комитет на Државната Дума, и беше одбиен.

Православните активисти се собраа потоа и доставија до претседателската администрација повеќе од еден милион потписи, додека противниците на забраната на абортус предупредуваат на опасноста од зголемување на смртните случаи за време на илегалните интервенции.

Претседателот на Русија Владимир Путин на големата прес-конференција рече дека сите одлуки во врска со забраната на абортусот „не можат да се прекршуваат преку колено“ и дека треба да се има одмерен пристап кон проблемот.

Абортус во Русија е дозволен од 1920 година, со тоа што по делумната забрана во 1936 година повторно стана легален од 1955 година.

Прочитајте зошто Русинките прават абортус?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња