Анкета: младите Руси ја сметаат кариерата за поважна од семејството

Според податоците објавени на интернет-страницата Superjob, секој трет Русин смета дека воспитувањето на децата и успешната кариера – е како обид да се фатат два зајака истовремено. Притоа младите Руси до 24 години и постарите поколенија имаат сосема различни мислења: за младите на прво место е кариерата, а за постарите – семејството.

Анкетата е извршена меѓу економски активните Руси постари од 18 години. На анкетираните им било поставено прашање: „Кога жената може да направи кариера: до или после раѓањето на детето/децата?“. 31% од анкетираните се уверени дека после раѓањето на детето, на жената ѝ е далеку потешко да направи кариера.

38% од анкетираните постари од 45 години сметаат дека „раѓањето на децата не влијае на женската кариера“, 22% сметаат дека кариерата на жената пропаѓа после раѓањето на детето, а дури 33% не ја поврзуваат кариерата и детето заедно. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња