Бројот на втори и последователни деца во руските семејства во последниве шест години, откако започна програма за мајчински капитал, зголемен е од 33% на 51,5%, сведочат податоците од министерството за труд и социјална заштита на Русија.
Правото на добивање мајчински капитал имаат сите семејства во кои после 1 јануари 2007 година се родило второ дете (или трето, четврто...). Семејството може да го потроши мајчинскиот капитал за подобрување на станбените услови, зголемување на пензијата на еден од родителите или за образование на едно од децата.
„Доделувањето на мајчинскиот капитал има позитивно влијание врз демографската ситуација во Русија. За шест години наталитетот е зголемен за 28,5%“, изјавено е во Министерството за труд на Русија.
Големината на мајчинскиот капитал во 2016 година треба да надмине сумата од 12.500 евра.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче