Руското семејство е посилно од американското - и тоа не е пропаганда на Кремљ

Не само бракот, децата, разводот го формираат личниот живот на повеќето од нас, туку и многу други нешта, од макроекономските до демографските трендови, од културата до социјалната клима во општеството.

Не само бракот, децата, разводот го формираат личниот живот на повеќето од нас, туку и многу други нешта, од макроекономските до демографските трендови, од културата до социјалната клима во општеството. Во последниот број на „Демоскоп“, заменикот директор на Институтот за демографија, Сергеј Захаров, изнесе податоци за брачната проблематика и ги прокоментира. Цифрите се основани на необјавените податоци на Росстат и сопствените пресметки на Захаров.

- Секој трет руски брачен пар кој има деца се распаѓа после 15-20 години заеднички живот. Во САД „љубовната дружба“ се распаѓа во 50% од случаите. Според ова, руското семејство е посилно од американското, и тоа не е пропаганда на Кремљ, туку факт. Од друга страна, во Италија се распаѓаат само 10% од браковите. Во случајот со Италија за ова влијаат локалните традиции за склопување брак: локалните сопрузи се решаваат да се венчаат во црква, а таквиот брак е далеку потешко да се анулира.

- Секои 23 години бројот на разведени мажи се удвојува (на 1000 луѓе).

- Во последниве 15 години популарноста на нерегистрираните бракови се зголеми за двапати. Во 1994 година во неформален брак живееле 6,5% од мажите и жените, а во 2010 година - околу 13%. Дури и според оценките на останатото  прогресивно човештво, таквите врски во Русија се доста силни.

- 27 години има средностатистичката жена која стапува во брак.

- 29 години има средностатистичкиот маж кој решава да стапи во брак.

- 23% од жените и 43% од жените не стапуваат во брак до 30-та година (според пописот од 2010 година). До средината на ХХ век женидбата до 25 години се сметала за норма, додека сега ситуацијата се менува.

- 3,5 до 4 години му треба на мажот или жената за да си најдат соодветен партнер за долга врска и живот.

- 4-5% од Русите доживуваат без брак до старост. Таа бројка беше стабилна во текот на целиот ХХ век, иако според последните тенденции, може да достигне 8 до 10%.

Разводите или граѓанскиот брак не влијаат на наталитетот, односно на бројот на родени деца. Ако сте разведена жена со едно дете, веројатноста од раѓање на второ дете во следниот брак е иста како и во случајот ако сте останале до првиот маж. Исто така, на појавата на деца во животот не влијае бракот кој е официјализиран во матично.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња