Истражување: Русите сакаат повеќе деца во семејството

Global Look Press
Уделот на Руси кои би сакале да имаат четири или повеќе деца е зголемен последниве 12 години и сега изнесува 14 отсто, покажуваат резултатите од истражувањето на Серускиот центар за проучување на јавното мислење.

Оваа тенденција се поклопува со растот на бројот на оние кои свесно се откажуваат од продолжување на видот (нивниот удел е зголемен од нула на шест отсто).

„Така се забележува тенденција според која репродукцијата на населението нема да се заснова на голем број семејства со едно или две деца, туку на голем број деца во семејства со повеќе членови“, истакнува раководителот во ВЦИОМ Степан Лавов.

Голем број граѓани, поточно 40%, и понатаму сметаат дека идеално семејство е она со две деца.

Новите мерки за државна поддршка во врска со продолжувањето на важењето и проширувањето на програмата за мајчин додаток, како и со месечниот додаток за првородено дете, руските граѓани ги ценат како значајни (87%).

Социолошките истражувања велат дека со овие мерки се запознати голем број граѓани, како и дека многу од нив скептични спрема мерките. Половината испитаници (49%) сметаа дека принова во семејството е можна доколку демографската реформа навистина биде спроведена, а не само на хартија.

Учесниците во истражувањето очекувано сметаат дека за наталитетот е клучно подобрувањето на материјалната состојба (63%). Меѓутоа, секој четврти испитаник не се согласува со тоа дека сѐ се сведува на пари.

Прочитајте повеќе: Во Русија рекорден број на деца последниве 15 години

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња