Руски хокеар: Бог ни ги даде овие медали!

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Бекот на руската репрезентација Андреј Зубарев го коментираше финалниот натпревар на Олимпијадата во Пјонгчанг против Германија која заврши со резултат 4:3 за Русија.

Кога Германците повеле со 3:2, Зубарев вели дека не ја сфаќал најдобро ситуацијата.

„Мислам дека другите тимови токму така загубија од Германците, не верувајќи дека Германија може да победи. Тоа ни се случи и нам. Губиме со еден гол разлика на две и пол минути до крајот на натпреварот и си мислиш нешто овде не е како што треба. Не смееме да си го дозволиме тоа. А уште имаме и играч помалку на теренот! Но Бог ни ги даде овие медали“, верува Андреј Зубарев.

Прочитаје повеќе: Рускиот хокеар Илја Коваљчук: „Ја сакам Русија, соништата се остварија“