Членот на шампионската руска хокеарска репрезентација, која вчера на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во Јужна Кореја настапуваше како Олимпијци од Русија, под знамето на МОК и покрај сите тензии, со спектакуларната победа над селекцијата на Германија се закити со злато, Илја Коваљчук, на својот профил на социјалната мрежа „Инстаграм“ конечно непречено ги искажа емоциите, објавувајќи фотографија со руски знамиња, што на спортистите, инаку, во текот на Игрите им беше забрането.
„Ја сакам Русија. Соништата се остварија“, напиша Коваљчук на „Инстаграм“.
Руските спортисти ја победија во напнатиот финален турнир во хокеј на Зимската олимпијада репрезентацијата на Германија со резултат 4:3, а Илја Коваљчук е прогласен за најкорисен играч.
Олимпиското злато од Пјонгчанг е првиот златен медал за руските хокеари од 1992 година кога Русите беа шампиони во рамките на обединетата репрезентација на Заедницата на независни држави. Русија вкупно седум пати беше олимписки шампион во хокеј, додека германската репрезентација со освојувањето на среброто го постигна својот најголем олимписки успех.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче