Шефот на руската држава нагласи дека спортистите покажале висока борбеност и извонредна техника. Путин им посака на хокеарите нови успеси и истакна дека сегашниот успех е убедливо сведоштво за големата традиција на домашната школа за хокеј.
„Патот до шампионската титула не беше лесен“, се вели во телеграмата на официјалниот сајт на Кремљ. „Но вие умеевте да се соберете и да му се спротивставите на силниот противник со тимската игра, силниот карактер челичната волја, покажавте извонредна техника, молневити напади и цврста одбрана. Тие боречки особини секогаш ја краселе нашата „ледена дружина“ и ја водеа до победите“.
Хокеарската репрезентација на Русија ја победи Германија во финалето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг 2018 со резултат 4:3 и стана олимписки шампион првпат по 1992 година.
Хокејот е особено омилен спорт на рускиот претседател. Тој понекогаш учествува на мечевите на Ноќната хокеарска лига (НХЛ, аматерска лига основана 2011 година по негова иницијатива). Еднаш во 2015 година тој постигна дури седум гола во гала мечот на оваа лига за репрезентацијата на „Ѕвездите на НХЛ“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче