Не можат да се смират: Западни медиуми бараат казна за хокеарите поради пеењето на химната на Русија

Reuters
„Руските хокеари му упатија предизвик на Меѓународниот олимписки комитет, „подбивање“, „кршење на меѓународните правила“, вака одделни западни медиуми го коментираа тоа што руските спортисти на церемонијата на доделување на златните медали, по победата над репрезентацијата на Германија во финалниот турнир во хокеј на Зимските олимписки игри, ја пееја химната на Русија.

Меѓународниот олимписки комитет покажа разбирање за фактот дека руските хокеари на победничкиот пиедестал ја пееја химната на Русија, бидејќи сето тоа се случуваше, како што се истакнува, во моменти на зголемена возбуда на спортистите кои непосредно пред тоа во несекојдневни околности освоија златни медали.

Неколку западни медиуми победата на Русија ја доживеаја како непријатно разочарување. Особено беа револтирани од фактот што хокеарите си го зедоа за себе правото да ја пеат руската химна. Олимпијците од Русија ги прекршија правилата на Олимписките игри, пишува „Њујорк Пост“. По импресивната победа над репрезентацијата на Германија, тие му упатија предизвик на МОК и ја испеаја националната химна на Русија, истакнува весникот. Според авторот на текстот МОК треба да ги казни на Русите.

Кога играчите ја запеаја руската химна, а навивачите по нив, тоа беше исмевање на резолуцијата која им дозволи да учествуваат на Олимпијадата, истакнува „Гардијан“. Весникот потоа повторно се навраќа на идејата која западните медиуми се обидоа да ја пласираат на сите олимписките натпревари. „Русија всушност и не го освои златниот медал во машки хокејот по 26 години. Екипата настапи под неутрално знаме како олимписки спортисти од Русија“, нагласува „Гардијан“.

Кога Русинката Алина Загитова во саботата го освои златниот медал во поединечна конкуренција во уметничко лизгање за жени и на тој начин ѝ го донесе на својата земја првиот медал со највисок сјај на Олимписките игри, порталот „Њујорк Тајмс“ побрза да забележи:   „Технички гледано, не би можело да се каже дека Русија го освои својот прв златен медал, затоа што Загитова се натпреваруваше под неутрално знаме. Меѓутоа Американките последен пат освоија злато во 2006 година. Русија настапува под олимписко знаме, но златниот медал е сепак златен медал“, признава весникот.

Прочитајте повеќе: Рускиот хокеар Илја Коваљчук: „Ја сакам Русија, соништата се остварија“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња