Рускиот хокеар Коваљчук: Имавме цврст договор да ја испееме химната ако победиме

Reuters
Напаѓачот на хокеарската репрезентација на Русија Илја Коваљчук изјави дека постоел претходно направен цврст договор меѓу руските спортисти во случај на победа на финалниот натпревар и освојување на златото на ЗОИ-2018 да ја испеат националната химна.

Русите, кои по одлуката на МОК се натпреваруваа како Олимписки спортисти од Русија и под олимписки обележја, ја победија репрезентацијата на Германија во продолжението на драматичниот финален натпревар со резултат 4:3. На свечената церемонија на доделување на златните медал, традиционално во црвени дресови, руските спортисти на победничкиот пиедестал, заедно со публиката, додека беше интонирана химната на Олимпискиот комитет, ја испеаја химната на Русија.

„Знаевме дека ќе ја пееме химната ако победиме“, ги пренесуваат медиумите зборовите на Коваљчук. „За нас тоа исклучително многу значи. На Олимпијада последен пат победивме 1992 година. Тоа беше практично одамна, сонувавме за победа. Уште од самите мои почетоци, уште како петгодишно дете сакав да бидам победник на Олимписките игри“, изјави Илја Коваљчук, кој беше прогласен за најкорисен играч на штотуку завршената Олимпијада во Јужна Кореја.

Победоносниот гол го постигна најмладиот играч, осумнаесетгодишниот Кирил Капризов и така ѝ овозможи на Русија  да го освои првото олимписко злато во хокеј во машка конкуренција од ЗОИ-1992 година во Албервил.

Прочитајте повеќе: Не можат да се смират: Западни медиуми бараат казна за хокеарите поради пеењето на химната на Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња