„Рековте дека секој има смартфон, но јас немам, а и вие немате, нели? А тој вели дека сите имаат!“, рече претседателот на Русија Владимир Путин додека му се обраќаше на првиот човек на Институтот „Курчатов“ кој се занимава со истражување на нуклеарната енергија.
Путин го потврди она што на јавноста ѝ го соопшти во 2014 година неговиот портпарол Дмитриј Песков кога им изјави на новинарите дека претседателот користи „други средства за комуникација“.
Кога го прашаа Песков дали Путин е подготвен да им испрати СМС пораки на пријателите и да добие смајли како одговор, тој одговори „секој политичар е осамен“. Сепак, тој брзо додаде дека Путин има блиски познаници.