Претседателот на Русија има тешка задача. Да се раководи со земјата е половина работа, а да се изгледа како сето тоа да се прави без многу напор не е лесна работа. Секој сака да биде Џејмс Бонд, но не секому тоа му успева. Владимир Владимирович Путин за сето долго време откако е на власт, се чини, ги научил сите „цаки“ на легендарниот агент 007, меѓу кои е и главното: секогаш да изгледа беспрекорно.
Не е тајна дека претседателот носи костуми кои се шиени по нарачка. Негови омилени марки се Kiton и Brioni (тука вкусот на претседателите и на агентите често се совпаѓаат). Овие костими ги шие еден шнајдер од почетокот до крајот во тек на десетици часа и чинат од 5.000 евра. Во последно време боите на претседателските костуми се мошне ограничени: преовладуваат црни, темно сини и сиво (налето можни се и светло сиви) костими.
Притоа мошне лесно се забележуваат саканите комбинации на бои – тие практично не се менуваат. Со син и со сив костим – светло сина кошула и сина кравата (и повторно доколку костимот е летен тој ќе биде светло сив, а кошулата сина), а доколку костимот е црн, тогаш бела кошула со бордо кравата. Се чини дека поради возраста и функцијата краватите на претседателот, кои во основа се Valentino, немаат јарки цртежи на нив. Она што може да биде максимално се точки, рибина коска или мало каро. Обувките, по правило, се John Lobb или Salvatore Ferragamo.
Без оглед на љубовта на претседателот кон познати марки, првиот човек никако не треба да се асоцира со онаа облека што ја носи, па затоа стилистот што го облекува повеќе од десетина година, претходно ги отпарува сите етикети од облеката, за случајно да не паднат во очите на новинарите. Истата процедура важи и за парчињата облека што ја носат највисоките чиновници.
Во неформална опстановка кежуал-стилот за претседателот се ограничува со пуловер со Ве-отвор, кој ја замени црната ролка, и со виндјакни. Во основа тоа се, доколку не е униформата на руската олимписка репрезентација, монт-јакни Canada Goose (и, секако, Brioni).
Особено внимание во медиумите се оддели на колекцијата часовници. Во еден момент тие дури и ги пребројаа. Излезе дека се 11. Сепак по цела низа речиси детективски приказни, беше невозможно да се обноват податоците.
Најскапиот модел во овој список е A. Lange & Sohne Tourbograph Pour le Merite. Овој часовник чини околу половина милион долари. Освен овој примерок, кај претседателот се забележани и Patek Philippe Perpetual Calendar и Patek Philippe Calatrava, Breguet Marine и IWC Pilot’s Watch Mark XV. Сепак тој ги претпочита часовниците на една од најстарите швајцарски работилници Blanсpain – ги има пет. Еден часовник Leman Aqua Lung Grande Date Путин му подари на синот на еден овчар за време на својата посета на Република Тива во 2009 година. Вториот ваков часовник му припадна на еден бравар од тулската фабрика, кој буквално го побара пред целиот колектив.
А, во 2010 година на церемонијата на отпочнување на работата врз Нижне-Бурејската хидроелектростаница според добрата традиција на енергетичарите, тој во незасушените темели фрли Blancpain. Последниве неколку години на раката на претседателот се наоѓа омилениот Blancpain, но и тоа е периодично. Останатите денови тој или внимателно го крие часовникот под манжетната на кошулата, или не носи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче