Јахтата на Усманов е најпространа
Кон крајот на јуни 2016 година, еден од реномираните производители на луксузни јахти „Лурсен“ ги потврди димензиите на новата јахта на милијардерот Алишер Усманов, третиот најбогат човек во Русија, чие богатство, според „Форбс“, се проценува на 12,5 милијарди долари.
Се работи за 156-метарската јахта „Дилбар“ и бруто тонажа од 15917 тони, која според својот капацитет е светски рекордер.
Ова не е единствениот рекорд на оваа јахта – таа го има најголемиот базен на јахта (180 кубни метри), како и најсилниот дизел мотор од 30000 kW.
Јахтата на Усманов има два хелиодрома, кино, лифт и џакузи. Цената на јахтата не се соопштува, но според некои процени таа изнесува околу 600 милиони долари. Името „Дилбар“ го доби по мајката на милијардерот.
2. Јахтата на Абрамович е најдолга
Познатиот руски милијардер Роман Абрамович (вреди 7,6 милијарди долари), сопственик на фудбалскиот клуб „Челзи“, стана трендсетер меѓу најбогатите Руси. Токму Абрамович беше еден од првите руски олигарси кои не се срамеше да му ги покаже на светот своите скапи вили и луксузни јахти.
Речиси една година милијардерот беше сопственик на најдолгата јахта на светот. Неговата јахта „Еклипса“ (Eclipse) долга 162,5 метри со гордост ја носеше оваа титула, сѐ додека не ја претекна јахтата „Аззам“ (Azzam) во сопственост на семејството на шеикот Калифа бин Заед ал Нахјан од Обединетите Арапски Емирати (180,6 м).
Јахтата на Абрамович е дизајнирана и градена пет години. Опремена е со команден мост од 500 метри квадратни, изложбена сала, два базена, концертна сала, кино, па дури и подрум за вино.
Вредноста на јахтата се проценува меѓу 400 и 1,2 милијарди долари.
3. Мељниченко има најголема едрилица
Јахтата на милијардерот Андреј Мељниченко (во вредност од 8,2 милијарди евра) „Едрилицата А“ „Sailing Yacht A“ е најголемата едрилица на светот. Има осум палуби и е наменета за 20 гости и 54 членови на екипажот.
Јахтата, исто така, импресионира со својот луксузен ентериер. Преку проѕирното во посебна просторија можете да го набљудувате морскиот живот. Јахтата е проектирана од францускиот дизајнер Филип Старк. Вредноста на пловилото се проценува на 404 милиони долари.
4. Футуристичката јахта на Прохоров
Михаил Прохоров, руски милијардер (вреден 7,6 милијарди долари) и поранешен кандидат на претседателските избори во 2012 година, не може да се нарече љубител на јахти. Според него, тој на јахта поминува не повеќе од две недели годишно. Сепак, Прохоров е сопственик на јахтата „Паладиум“ (Palladium).
Карактеристика на јахтата е нејзиниот необичен футуристички дизајн осмислен од британското дизајнерско биро „Мајкл Лич Дизајн“ (Michael Leach Design). Во 2010 година оваа јахта беше номинирана за почесната награда World Yachts Trophies за најдобар дизајн. Вредноста на јахтата не е позната, но се проценува на 220-230 милиони долари.
Прочитајте повеќе за тоа кои се најбогатите луѓе во Русија според магазинот „Форбс“.