Руската редакција на списанието Форбс ја објави редовната годишна ранг-листа на 200 најбогати бизнисмени од Русија. Како што истакнува ова издание, границата за влез во оваа ранг-листа никогаш не била толку висока. Меѓу првите 200 бизнисмени се најдоа луѓе кои имаат најмалку 500 милиони американски долари, а минатата година границата изнесуваше 350 милиони американски долари. Сите луѓе на списокот на Форбс поседуваат вкупно 460 милијарди американски долари.
Евгенија Бјатов / РИА Новости
Втора година по ред првото место на ранг-листата на најбогати руски бизнисмени го зазема Леонид Михељсон, сосопственик на најголемата руска приватна гасна компанија „Новатек“. Тој поседува и пакет акции на рускиот петрохемиски холдинг „Сибур“. Според податоците што ги објавува Форбс, богатството на Михељсон за една година е зголемено за 4 милијарди американски долари и сега изнесува 18.4 милијарди долари.
Григориј Сисоев / РИА Новости
Алексеј Мордашов, сосопственик на леарницата „Северстаљ“ и акционер во германската туристичка агенција TUI Group, успеа во текот на минатата година да се искачи од шестото на второто место. Тој стана побогат за 60%, односно за 6.6 милијарди долари.
Getty Images
Меѓу тројцата лидери се најде и Владимир Лисин, сопственик на Новолипецкиот металуршки комбинат. Тој стана побогат за 6.8 милијарди американски долари (што е рекорд на оваа листа) и така од осмото место изби на третата позиција.
Владимир Федоренко / РИА Новости
Бизнисменот Генадиј Тимченко, за кој САД воведоа санкции, се искачи на ранг-листата за едно место и сега се наоѓа на четвртата позиција. Тој во изминатата година стана побогат за 4.6 милијарди американски долари и сега има вкупно 16 милијарди американски долари. Инвестициската група „Волга груп“ која му припаѓа на Тимченко поседува акции на компаниите „Новатек“, „Сибур“, на градежната компанија „Стројтрансгас“, на железничката „Трансоил“ и други.
Илја Питалев / РИА Новости
Алишер Усманов беше меѓу тројцата водечки на ранг-листата на Форбс, но дојде на петтото место, иако минатата година го зголеми своето богатство за 2.7 милијарди американски долари. Усманов е на чело на една од најразгранетите бизнис-империи во Русија. Неговата USM Holdings ги опфаќа рударско-металуршкиот холдинг „Металоинвест“, „Бајкалската рударска компанија“, „Мегафон“ (еден од водечките руски оператори за мобилна телефонија), како и акции на издавачката куќа „Комерсант“, на англискиот фудбалски клуба „Арсенал“, итн.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче