Економската криза, падот на рубљата и санкциите се одразија негативно на просперитетот на повеќето Руси. На повеќето, но не на сите. Профилот Rich Russian Kids (RRK) на Инстаграм покажува како се справуваат децата на рускиот елита со кризата.
Профилот стана популарен за само два месеци по пуштањето, со тоа што се прикажуваат слики и видеа од животот на децата на богати бизнисмени и официјални лица, кои самите тие ги споделуваат со креаторот на профилот.
(Ова е твојата плата за неколку месеци)
Во разговор со „Руска реч на македонски“, креаторот на RRK сакаше да остане анонимен. Тој поминал поголем дел од својот живот во странство и исто така е претставник на руската „златна младина“. Тој вели дека многу од луѓето на сликите се негови познаници.
(Никому ли не му е потребна неговата месечна плата? )
(А, како ти го минуваш своето утро во Москва?)
„Во Русија постои поинаков однос кон децата на олигарсите. Младите и девојките живеат различно од своите врсници во странство. Она што им е дозволено во Москва, им е целосно забрането во САД или во Европа. Често законите во нашата земја се „прилагодуваат“ кон потребите и интересите на луѓето (со власт), а не обратно“, вели основачот на RRK.
Од секојдневието: тие можат да возат во спротивен правец без да бидат казнети.
(Кога има застој на твојот правец)
(Сите на различен начин ги шетаат своите домашни миленичиња. Ти, на пример, помеѓу зградите со своето куче си шеташ)
„Целта е да им се помогне на богатите луѓе да стекнат нови пријателства од кои можат да направат интересен бизнис. Јас им покажувам луѓе со можности какви што никој друг во Москва или во кој и да е друг руски град нема. Студентите често имаат интересни идеи и проекти, но се плашат да се обратат на инвеститорите или на банките за кредит“, забележува креаторот на RRK. Сепак тој не може да се сети на некој таков пример.
За повеќето богати деца, кои се појавуваат во RRK ова претставува пи-ар на нивните профили на Инстаграм, а не можност за наоѓање пријатели.
Дел од младите дами од RRK што ги интервјуираше „Руска реч на македонски“ велат дека не се „богати деца“, ами дека својот раскош им го должат на своите мажи.
Една од девојките што се појави на RKK е Александра Малинскаја. Таа е родена во семејство на руски претприемач и уште од мала го познава слаткиот живот: патувала низ целиот свет, учила во Европа. Сега има 18 години. Завршила средно и се подготвува да се запише на Московскиот државен институт за меѓународни односи.
Ако доцни на час, нејзиниот возач пушта ротациски светла и се ита низ московскиот сообраќај. Во Русија таа поминува не повеќе од 6 месеци во годината. Зимите ги минува во странство. Еднаш во месецот оди на море или се пушти по патеките на некој ски-центар.
(Подготвен ли си да слушнеш „не“?)
Животот на уште еден херој од RRK, 19-годишниот Александар, по неговите иронично зборови е „здодевен и незабележлив“. Неговите слики се со јахти, авиони, скапи автомобили. Тој го поминал поголемиот дел од својот живот во странство, учејќи во Италија и Франција. Но, станува носталгичен кон родната земја, се враќа во Русија и се запишува на Факултетот за јавна администрација.
(додека ти ја копаш бавчата на дачата, ние се возиме на јахта)
Даниил, од друга страна, сака да споделува селфи со влијателни личности кои се поврзани со негови пријатели или со неговото семејство. На пример, слика со Путин.
(Вечер со најблиските пријатели)
(Поздрав до сите од чичко Серјожа)
Според него, тој живее скромен живот во Москва и не го покажува своето богатство јавно. „Студирам менаџмент на Московскиот државен универзитет и многу од моите колеги со кои дури и не комуницирам, ме нарекуваат „спонзор“ (оној што добива привилегии за пари). Тие завидуваат на мојата позиција во животот и мислат дека сè ми доаѓа на готово. Сепак, за разлика од нив, јас на 19 години веќе работам и се подготвувам да добијам втора диплома“, објаснува овој младиот маж.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.