Децата на руските олигарси ги учат основите на капитализмот

Абрамовичи. Извор: Imago/Legion Media

Абрамовичи. Извор: Imago/Legion Media

Повеќето деца не планираат да одат по стапките на своите родители, туку започнуваат самостоен бизнис.

Синот на рускиот милијардер Роман Абрамович, 19-годишниот Аркадиј, продолжува да инвестира во природните ресурси: неодамна тој купи дел во компанијата CenGeo Holdings, која е сопственик на големо нафтено наоѓалиште на Сибир. Според оценките обемот на инвестицијата изнесува 46 милиони американски долари. Младиот милијардер купува активи преку сопствената инвестициска компанија AAR Capital Ltd., која таткото ја нарекол според иницијалите на сина си. 

Треба да се забележи дека ова не е прва трговија на Абрамович помладиот: во 2011 година рускиот информациски портал „Маркер“ соопшти дека компанијата Zoltav Resources Inc., во која еден од најголемите акционери е Аркадиј, купила акции на „Роснефт“, „Лукоил“ и „Гаспром“ на сума од околу 626 илјади американски долари. Да потсетиме дека паралелно Аркадиј Абрамович стажира во една од англиските банки. 

ВО БРОЈКИ

 

Бројот на милионери во Русија расте. Според податоците на годишниот рејтинг на магазинот СЕО, минатата година бројот на богатите Руси, чие богатство надминало една милијарда американски долари, се зголемило за

11

лица, достигнувајќи ја цифрата од

131

Бројот на богати луѓе во Русија ќе расте, сметаат експертите. Ова во прв ред се должи на тоа што пораснатите наследници на руските милијардери не секогаш се занимаваат со профилниот бизнис на своите родители, продолжувајќи ја нивната работа, туку преминуваат на слободно пливање, создавајќи свој независен бизнис.

Таков е примерот со Кира Пластиниина, ќерката на еден од косопствениците на најголемиот агрохолдинг „Развитие регионов“, а исто така и член на бордот на директори на Азиско-Тихоокеанската банка, Сергеј Пластинин, која на своите дваесет години е веќе добро познат дизајнер во Русија: таа изработува облека и обувки под сопствениот бренд „Kira Plastinina“ и е сопственик на синџир продавници во Русија и во Заедницата на Независни Држави. Основни конкуренти на кира се шпанската фирма „Inditex“ (брендот Zara) и шведската компанија H&M. Личното богатство на девојката експертите сè уште не сакаат да го проценат, но не ја исклучуваат можноста дека во иднина таа може да го пополни списокот на најбогатите луѓе во Русија.

Синот на претседателот на групацијата Crocus Group Арас Агаларов (1.6 милијарди долари според руската верзија на Forbes), 33-годишниот Емин Агаларов, освен што учествува во развојот на бизнисот на татка си, професионално се занимава со музика. Концертната сала Сrocus City Hall, која беше изградена под негово раководство, денес е една од најпопуларните концертни сали во Москва, во која гостуваат светските ѕвезди.

Но, некои деца на руските бизнисмени си бараат работа која им е „по душа“. Ќерката на основачот и сопственик на акционерската финансиска корпорација „Система“ Владимир Евтушенков (неговото богатство се проценува на 6 милијарди американски долари) Татјана неколку години работеше во компанијата на својот татко, а потоа премина на местото советник на првиот човек на „Сбербанк“ Герман Греф. „Можностите што сега ги нуди Сбербанк е тешко да се споредат со оние што ги нуди пазарот. Преминав зашто е интересно, енергично, и мојата работа е она што сиот живот сум сакала да го работам“, ја објаснува причината за своето преминување г-ца Евтушенков за магазинот РБК.

Да му се даде на детето милион, значи да му се даде билет за животот, да му се даде милијарда значи да се лиши од успешен бизнис, е мислењето на многумина од нив. 

Освен тоа, родителите-милијардери не секогаш сакаат да им го предадат заработениот капитал на децата. Да му се даде на детето милион, значи да му се даде билет за животот, да му се даде милијарда значи да се лиши од успешен бизнис, е мислењето на многумина од нив. Така рускиот олигарх, претседателот на холдингот „Интеррос“ Владимир Потанин, чие богатство според рускиот Forbes е проценето на 14.3 милијарди американски долари, има намера да даде повеќе од половина од своите средства на хуманитарниот фонд на Бил Гејтс и Ворен Бафет „The Giving Pledge“. „Сметам дека децата треба да излезат од сенката на своите родители, да живеат самостоен живот и да се реализираат себеси како граѓани“, коментира милијардерот. Господинот Потанин има три деца. Постарите – Анастасија и Иван – се занимаваат со аквабајк и се повеќекратни шампиони на Русија во овој вид спорт.

Сепак, некои бизнисмени им го предаваат во наследство својот капитал на децата. Така, претседателот на нафтената компанија „Лукоил“ Вагит Алекперов (13.5 милијарди долари) на почетокот од годинава изјави дека го оставил во наследство својот пакет акции од нафтената компанија на својот син Јусуф, кој во моментов работи на наоѓалиштето во Западен Сибир. „Не го подготвувам него за моја замена. Јас себеси се посветив на еден вид бизнис, а тој може да се посвети на друг. Но, тој треба да го помине патот, тој треба да види како работат луѓето на наоѓалиштата. Тој беше работник, а сега е технолог. Тој ќе го мине тој пат, а понатаму сам нека си ја избере својата судбина“, забележува г. Алекперов во програмата на радиото „Ехо Москви“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња