1. Парен број на цветови
Андреј Љубимов/Moskva Agency
Дури и руските деца знаат дека во букетот мора да има непарен број на цветови, затоа што парен се носи на гробишта. Ова суеверие влече корени уште од паганско време. Словените верувале дека парниот број симболизира завршеност на циклусот, односно смрт. Дури и денес во рускиот јазик живее поговорката „несреќата никогаш не доаѓа сама“. Додека непарниот број го симболизира животот и ве штити од лошите духови. Меѓутоа, исто така, нема да најдете Русин кој не ги потпевнува зборовите на песната за тоа како некој фраер ѝ подарил на саканата „милион, милион, милион црвени рози“!
2. Нож, ножици и други остри предмети
Legion Media
Русите веруваат да острите подароци им носат несреќа на сите домашни. Дури и украсното оружје, бричеви и виљушки можат да предизвикаат несогласување. Сетот тоа се разбира не важи за народите од Кавказо. Тие отсекогаш подарувале секакво ладно оружје.
3. Празен паричник
Legion Media
Нема смисла да се подарува паричник без пари. Затоа што Русите веруваат дека, колку и да е убав, тој секогаш ќе биде празен.
4. Шамиче
Pixabay
Шамичето е исто така непожелен подарок, и не затоа што ве потсетува на кивавица. Човекот кому му подаруваат шамиче мисли само на солзите што ќе ги брише со него.
5. Медицински апарати
Legion Media
И апаратите и сѐ што е поврзано со болести можат само да го потсетуваат човека на сѐ што го мачи и да му ја влошат психофизичката состојба.
6. Огледало
Pixabay
Огледалото отсекогаш е поврзувано со мистика и затоа не е најдобар подарок. Русите не сакаат ниту да се гледаат во туѓо огледало, а не па да го добијат од туѓи раце. Стари огледала исто така не се омилени затоа што се смета дека во нив се „огледуваат“ настаните од минатото и дека зрачат со негативна енергија.
7. Пантофли
Legion Media
Русите одат по дома во пантофли и секогаш ќе најдат резервен пар пантофли за секој гостин. Но, немојте да му подарувате пантофли на Русин! Се верува дека човекот кому сте му подариле пантофли долго ќе боледува или дека го чека пат во болница. Во селата сето тоа ќе се доживее уште полошо. Особено ако пантофлите се бели (покојниците ги погребуваат во бели пантофли).
8. Чорапи
Pixabay
На маж или момче не смеете да им подарувате чорапи, затоа што мажот или момчето можат туку-така да избегаат, макар и во истите тие чорапи. Чорапите предизвикуваат караници дома. Наспроти тоа, некои жени ги наговараат своите свекрви да им подарат на синовите чорапи. Некои жени едноставно не знаат како на друг начин да се ослободат од влијанието на своите свекрви.
9. Козметика
Pixabay
Шампон, сапун, дезодоранс и други миризливи производи можат да бидат погрешно сфатени. Да речеме како алузија на тоа дека некој не се грижи многу за хигиената.
10. Бисер
Pixabay
Оваа традиција доаѓа од Грција, каде бисерите биле симбол на вдовиците или сирачињата. Затоа не им се подарува на млади жени накит од бисери. Ако девојка ве замоли да ѝ подарите бисери, барајте од неа паричка, а уште подобро е ако ѝ дадете пари самата да си купи бисери.