Извор: РИА Новости
Како што изгледа, Меѓународниот ден на жената сосема ги изгуби своите феминистички корени во претставата на поголемиот дел од населението на Руската Федерација уште кога во 1966 година овој празник стана и неработен ден во целиот СССР.
Оттогаш на овој ден во Русија се даваат подароци на сите жени и тоа без исклучок. Што подаруваат сега мажите? И што сакаат да добиваат жените за подарок?
Според анализата на Левада-центар, еден од најголемите центри за проучување на јавното мислење во Русија, од 1997 година, кога центарот почнал да го проучува односот кон 8 март, претставата за најдобар подарок не е многу изменета.
Најпосакуваниот, како и најмногу даван подарок се цветовите. Имено тоа се подготвувале да го подарат 54% од анкетираните мажи во 2012 година, а во истиот период 45% од жените изјавиле дека би биле среќни кога би добиле букет цвеќе.
Тоа е многу повеќе одошто во 2007 година. Тогаш 41% од мажите планирале да подарат цвеќе, а 37% од жените сакале да го добијат.
Второто и третото место го делат козметиката и слатките. Разликата е во тоа што во 1997 година 22% од мажите планирале да подарат парфем, а 9% бонбониера, додека во 2012 година на двата подарока отпаѓаат по 19%.
На четвртото место кај мажите е накитот. Во 2012 година 12% од нив сакале да подарат накит. Кај жените, пак, ова е втор подарок по популарноста: 23% наспрема 13% кои се за парфеми и бонбониери.
Најинтересна противречност во очекувањата е тоа што во 2012 година само 3% од мажите планирале да ги одведат дамите на театар или во ресторан.
Меѓу другото, овој подарок жените го очекувале нешто помалку одошто парфем – 11%.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче