Да се направи чудо за највозрасните луѓе во Русија

Press Photo
Во предворјето на секоја Нова година волонтерите од Фондацијата за помош на хендикепираните и возрасни луѓе „Старост во радост“ се обидуваат да направат чудо. Тие треба не само да се собираат и да дадат подароци за луѓето од старечките домови, но и да најдат 10.000 луѓе кои би сакале да прават месечни донации за фондацијата текот на целата следна година.

Во Русија живеат многу осамени стари лица, но до неодамна речиси немаше добротворни организации кои се подготвени да се занимаваат со нив. „Старост во радост“ е еден среќен исклучок. Веќе 10 години Фондацијата им го разведрува животот на постарите лица кои живеат во старечките домови. Денес во Русија за него знаат речиси сите кои на еден или на друг начин се поврзани со социјалната сфера - таа им помага на 150 старечки домови во 25 области на земјата.

Внуци по пошта

Денес над 5.000 возрасни луѓе од цела Русија постојано добиваат писма од своите т. н. „внуци“. Токму со таква кореспонденција започнува приказната на Александра Кузмичова која денес е одговорна за одржување на социјалната страница и страницата на фондацијата „Старост во радост“.

А, сето тоа започна во далечната 2006 година, кога студентката од филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет Елизавета Олескина заминува на фолклорна експедиција во северозападна Русија. Откако влегла во старечки дом на село, каде што слушнала доста народни песни, Лиза била погодена колку непотребни и осамени се чувствуваат луѓето таму. Откако се враќа, таа почнува да организира посети во старечки домови - така се појавува волонтерското движење, кое во 2011 година се претвора во фондација.

Кирил Калиников / РИА Новости Кирил Калиников / РИА Новости

Волонтерите многу брзо сфаќаат дека она со што можат да им помогнат на постарите луѓе, пред сè, е да им подарат обична човечка комуникација. Тогаш тие почнуваат да прават концерти, да организираат заеднички патувања и чајанки. Но, бидејќи личните посети кај бабите или дедовците не биле можни секогаш се раѓа еден од главните проекти – „Внуци по пошта“.

Александра Кузмичова се сеќава на една баба со која успеала да се види во живо откако си пишувале писма: „Таа си најде место во моето срце. Ми одговараш на секое писмо, нејзините раскажувања беа секогаш исти: за минатото, за ќерките, за нејзината благодарност кон негувателките. Бабата најмногу го ценеше тоа што никој не ѝ викал. Мене тоа ми беше многу слатко, зашто таа слушаше само ако некој ѝ викаше на уво“.

Од област до област има разлика

Безусловно не се поминува и без материјална поддршка: фондацијата собира подароци за празниците, со донации купува лекови, најнеопходни предмети, организира креативни и занаетчиски работилници, поправа простории. Елизавета Олескина која денес веќе е директор на фондацијата, забележува дека материјалното обезбедување на домови за стари лица и нивниот внатрешен ред во голема мера зависи од областа и од самото раководство: „Во една област бабите и дедовците можат да живеат во простории со базен, лекувалиште, а во соседната - дури и во најдобрите домови - веднаш те удира непријатна миризба, потоа гледаш возрасни луѓе кои лежат на кревети и рамнодушно гледаат во таванот“.

Елизавета Олескина. Извор: Александар Кувшинов Елизавета Олескина. Извор: Александар Кувшинов

Во центарот на социјалниот систем треба да е човекот

Но, дури и најтешките случаи можат да бидат решени. Вработените во фондацијата од искуство знаат како болниот возрасен човек може да се преобрази со грижа и со учество во неговиот живот. Затоа голем дел од донациите - 3 милиони рубли месечно - оди за надомест на специјално обучени лица кои се грижат за постарите луѓе и за организаторите на забава.

Се разбира, во домовите за стари лица, кои денес во Русија ги има околу 1.500, постои свој персонал. Но, често една болничарка се грижи за 20, па дури и за 30 стари лица и физички не успева да одвои на секој потребно внимание.

Press photoPress photo

Елизавета се жали дека во центарот на современиот руски социјален систем не стои живиот човек, ами одделот, прописите. Негувателките што ги најмува фондацијата, вршат специфична задача: тие се грижат за постарите луѓе, ги дружат, се обидуваат да ги направат самостојни за максимално долго време или пак да ја обноват нивната способност да се опслужуваат самите.

Уште отсега фондацијата има договор со некои руски области грижата за постарите луѓе да стане приоритет во 2017 година. Ова се однесува на обуката на персоналот, воведувањето на минимални стандарди на услуга, остварување на профилактичка помош на домовите за оние кои сè уште можат да се служат сами. Плановите вклучуваат и поблиска интеракција со роднините на постарите луѓе и подготовка на психолози за секое одделение со кое работи фондацијата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.