„Во принцип, на 31 декември е вистинска лудница – сè се собира од рафтовите“. Извор: Getty Images.
Обично на врвот од пирамидата се најблиските: мажот, жената, децата. Сопрузите, обично, си подаруваат подароци ко се или за домаќинството, како кујнски комплет или електрична пила, или нешто што е поврзано со нивните интереси, Тоа може да е рекет за тенис или ловечко оружје. Децата сами си нарачуваат подароци. Откако детето ќе ги каже своите желби, задолжително следува родителската модерација. Децата можат да посакаат сè и сешто, што ќе им текне, од скејтборд до електрично вовче, кое ја зазема половина соба, но на крајот го добиваат она што родителите можат да си го дозволат. Единственото на кое можат да сметаат во секој случај е сладок подарок во вид на пакетче.
Најмногу за подароци се избираат новогодишни шолји, мали фигури или магнети со змија (2013 е година на змијата според кинескиот хороскоп). Плишените играчки, исто така, многу добро одат, а вчера еден човек купи рицарски меч за 200 евра.
Наталија, продавачка во гифт-шоп
Следни во хиерархијата за добивање подароци се љубовниците, доколку постојат. При изборот на податоци тука на преден план излегува егоизмот. Често во шарената опаковка им секси долна облека или играчки за возрасни, при чие тестирање ќе учествува оној што ја подарил. Во посебни случаи подарокот може да е палто, пат во некоја од топлите земји, па дури и кола, но тоа зависи од материјалната состојба на оној што го купува подарокот.
Сега е време за почитуваниот началник. Иако тој во „синџирот на исхрана“ стои подолу од љубовниците, не треба да сте релаксирани при изборот на подарок за него. Тука ви е потребна максимална дипломатија. Од една страна, тоа не треба да биде некој дежурен подарок, кој ќе се изгуби во останатите подароци и нема да донесе никаква придобивка за оној што го подарува, а од друга, не треба да се претерува, за да не излезе дека тоа е подмитување. Обичните службеници обично на шефот му подаруваат заеднички подарок, а повисоките по ранг – индивидуален. Соодветен подарок е статуетка, слика или скап канцелариски комплет. Истото, на пример, може да му се подари и на бизнис-партнерот, само што во тој случај подарокот треба да се изгравира или да се потпише како спомен од оној што го подарува. Така партнерот ќе помни дека му е обрнато внимание и тој веќе ќе биде должен да го направи истото.
Колегите на работа се на дното на пирамидата. Тие добиваат најобични подароци. Малечки фигури со знаци од кинескиот календар, шампањ, бонбони, шолји итн. Тука, практично, е погодна секоја работа што се продава во продавниците од типот „Сè за 99“. Но и овој дел си има свои специфичности. Се случува некој да подари нешто симболично, а да не добие ништо за возврат, зашто се наоѓа надвор од новогодишната пирамида. Се случува незгоден момент кој се памети до следната година. Тогаш скржавецот се исфрлува од списокот на оштетениот, а збунетиот, обратно, бидејќи си споменува на минатогодишното недоразбирање, носи скап подарок, што создава уште понепријатна ситуација, само што е во обратен правец.
„Најмногу за подароци се избираат новогодишни шолји, мали фигури или магнети со змија (2013 е година на змијата според кинескиот хороскоп). Плишените играчки, исто така, многу добро одат, а вчера еден човек купи рицарски меч за 200 евра. Но, основната продажба започнува во средината на декември и продолжува до самата Нова година. Во принцип, 31 декември е вистинска лудница – сè се собира од полиците“, вели Наталија, продавачка во еден гифт-шоп.
Независно од тоа што новогодишните подароци се појавуваат во продавниците цел месец пред празникот, вака или онака бумот во купувањето настанува во последните денови на декември. Изгледа луѓето купуваат подароци во последен момент за да не се судрат со оние што решиле да купат порано.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче