Валериј Мељников / РИА Новости
Императорската фабрика во Санкт Петербург, основана во 1744 година од страна на царицата Елисавета, е сè уште активна. Таму се произведуваат предмети не само по стара технологија, ами и модерен порцелан. Што и да одберете, било да е тоа „Црвената“ новогодишна колекција за 2017 година, или сервис со кобалтна позлата (визит-карта на фабриката), вашиот подарок ќе биде произведен од легендарната руска марка.
Press Photo
Чорапите „Tabani“ не се само стилски. Тие се карактеризираат со висок квалитет и се плетат на рака. Но, на прво место „Tabani“ е социјален проект кој ги поддржува пензионерите. Чорапите со убави шари се плетат од бабите од Удмуртија кои се чувствуваат корисни за општеството. Плетењето им носи и дополнителни пари, покрај пензијата. Секој пар чорапи е уникатен и чини не повеќе од 20 евра.
Press photo
Познатата фабрика „Ракета“ порано правела часовници за сите во СССР. Во 2009 година е купена од Французинот Жак Вон Поли, кој ја модернизира и го продолжува производството. Денес таа е една од ретките светски производители, кои сами си прават механизми за часовници од А до Ш. Дизајнот, исто така, постојано се обновува.
Press Photo
Чиниите од Ана Кулачек се направени и украсени рачно во легендарната Гжељска фабрика. Концептот е развиен во посебен проект на списанието AD Russia, кој има за цел да ги интегрира фолклорните занаети во модерниот дизајн.
Press Photo
Додека пазарот на органска козметика се развива брзо, во масовниот сегмент на рускиот пазар (пример за тоа е Natura Siberica, чии производи може да се најдат во европските продавници), треба да се обрне внимание и на малите брендови. „Pure Love“ е природна козметика, која се базира на принципот на корнеотерапијата и е создадена со цел да го активира природниот процес на регенерација на кожата. Марката веќе ги освои московските дами и модните уредници. За изработката на производите се користат природни состојки, етерични масла и билки. Сите кремови за лице имаат рок на траење од шест месеци и треба да се чува во фрижидер.
Ранци GRUNGE JOHN ORCHESTRA. EXPLOSION
Press Photo
Ова е првиот руски инди-бренд, кој ги обединува технолошкиот дизајн, функционалноста и првокласните иновации во секојдневната облека. Филозофијата на брендот е „нов урбанизам“. Сите производи имаат функција, но исто така имаат и историја и карактер, а уникатните хроматски решенија се добиени со помош на сложени процеси на боење.
Бељовски зефир
Lori/Legion-Media
Бељовскиот зефир, исто како и пастилата, се прават рачно во градот Бељов (290 километри јужно од Москва) по стара руска технологија која ги исклучува сите вештачки додатоци. Бељовскиот зефир се одликува со посебна нежност и убав изглед, хармоничен вкус. И бидејќи испораката на руски прехранбени производи по пошта е забранета, за жал, мора да си го донесете самите од Русија.
Чаша „Конструктивистичка Москва“
Press Photo
„The Heart of Moscow“ е нов дизајнерски бренд за подароци кој нуди широк спектар на тефтерчиња, магнети, чорапи и ракавици со советски и московски симболи, како и скејтборд, направен во соработката со музејот на современа уметност „Гаража“. Софистициран подарок кој би им се допаднал на сите е чаша украсена со важни елементи од московската архитектура.
Press photo
Благодарение на социјалните мрежи накитот од овој бренд веќе има собрано војска од следбеници. Производите се продаваат во концептуални продавници, како и во најголемиот московски продавница ЦУМ. Накитот со големи бисери е екстремно популарен: нараквици, обетки и прстени. Тие можат да бидат купени на страницата на марката на Instagram.
Детски чизми од филц „ФОМА“
Press photo
Топлите чизми од фабриката на брендот „ФОМА“ во Магнитогорск (1.700 километри источно од Москва) се модерна верзија на традиционалните руски обувки. Тие имаат гумени ѓонови што не се лизгаат, изработени се од природен филц, поставени со природна кожа и одговараат на ортопедските стандарди. Може да се справат со мразови до минус 40 степени Целзиусови.
Џемпер „Rosol“
Џемперите имаат висока јака и се направени од мека и топла волна. Палавите елени се врамени со декорации инспирирани од старите словенски шари. Џемперот веќе го носат руските рок-ѕвезди. Достапен е во две варијанти: за жени и за мажи.
Играчки „ШУША“
Press Photo
Од пред неколку години „ШУША“ е гордоста на модерниот руски дизајн. Измислени од дизајнерката Анастасија Шчербакова и архитектот Василиј Перфиев, играчките се намерно минималистички, алудирајќи на фигуративниот јазик на авангардата од дваесеттите години од минатиот век.
Очила „Woodsun“
За оние на кои не им се потребни „топли“ подароци од Русија, најдобар избор ќе бидат чифт очила за сонце направени од природно дрво. Овој оригинален, дизајнерски производ ги покори срцата на модерните луѓе низ целиот свет, вклучувајќи ја и моделот Елена Перминова и модниот блогер Софи Валкерс.
Свилен шал АЕС + Ф
Press Photo
Идеален шал (140x140 см) за љубителите на уметноста е создаден од познатата руска уметничка група АЕС + Ф, чии работи се изложени во целиот свет. Дизајнот е направен врз основа на нивниот популарен проект „Islamic project“, за кој тие создадоа серија од слики на архитектонски знаменитости од светски градови, во кои се вплетени елементи од исламската култура и архитектура.
Албумот „Alexander Rodchenko. Photography- Art“
Press Photo
Во Русија се верува дека книгата е најдобар подарок. Затоа албумот посветен на работата на легендарниот авангарден уметник Александар Родченко, може да биде одличен подарок за љубителите на уметноста и за оние кои се заинтересирани за историјата на Русија и СССР. Изданието е на англиски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче