Собирачи на сувенири од скулптура на риба ги оставија само „коските“

Наша Газета
За да се спречи понатамошен вандализам, скулптурата деноноќно ја снимаат камери.

Шетачите по главната улица во Новоросијск продолжуваат да ја уништуваат скулптурата поставена во август по повод Денот на градот, кршејќи ги за сувенир малите рипчиња.

Градот на Црно море ја доби скулптурата во чест на рибата инчун, без која би било невозможно да се преживее гладот за време на Втората светска војна.

Скулптурата претставува една голема риба направена од мноштво мали рипчиња, но од ден на ден големиот инчун престанува да личи на себе.

Градските власти поставија камери кои деноноќно ја снимаат скулптурата за конечно да запре тој вандализам.

Како што велат локалните медиуми, се работи за првиот споменик на риба во светот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња