На 20 октомври холивудската ѕвезда и амбасадор на Обединетите Нации Анџелина Џоли присуствуваше на премиерата на нејзиниот анимиран филм The Breadwinner облечена во бел фустан од креп на рускиот дизајнер Улјана Сергеенко.
Reuters
Сергеенко е позната по тоа што има шиено за многу ѕвезди, не само во Русија, туку и во странство. Нејзини дизајни носеле Дита фон Тис, Ема Стоун, ѕвездата на „Игра на тронови“ Емилија Кларк, Леди Гага, па дури и Бијонсе!
Родум од Уст-Каменогорск во Казахстан, Сергеенко се омажи за рускиот олигарх, милијардерот Данил Хачатуров. Таа почна со својот сопствен бренд во 2011 година и набрзина се здоби со репутација на водечки дизајнер.