Русинките не штедат на убавина

81% од Русинките изјавиле дека слободните пари би ги потрошиле на облека, 73% за одмор, 69% на козметика. Притоа, само 8% помислиле дека би можеле тие средства да ги инвестираат. Извор: Depositphotos.

81% од Русинките изјавиле дека слободните пари би ги потрошиле на облека, 73% за одмор, 69% на козметика. Притоа, само 8% помислиле дека би можеле тие средства да ги инвестираат. Извор: Depositphotos.

Во изминативе две децении во светот на високата мода цврсто се етаблираше словенскиот тип. Креаторите на висока мода многупати се свртувале кон темата на традиционалната руска облека, а на улиците на светските престолнини во големи количества се појавија Русинки – убави, но чудни. Тие се многу упадливо нашминкани, тие, според мислењето на странците, понекогаш носат премногу сексапилна облека. Причините за таквото сфаќање за убавината е пред сè во менталитетот и во историските реалии.

Рекламната агенција DDB Russia своевремено изработи реклама за кремот од брендот RoC. Рекламата, која беше широко прифатена во Франција, доби ниски резултати според показателите believability и likeability во Русија. 

Излезе дека разликите во восприемањето на рекламата се случиле за време на оценката на ефикасноста на кремот. Во кадарот една жена се гледа во огледало и, проверувајќи го резултатот од дејството на кремот е задоволна. Доколку за Французинките тоа било доволно, за руските жени, како што покажаа понатамошните истражувања, очигледно недостасувала пофалба за резултатите од оние што ја окружуваат. 

Кога во последниот кадар ставиле маж кој восхитено гледа на хероината, Русинките моментално покажале интерес, и показателите likeability, persuasion и believability се кренале над нормата. 

Во ова, како што забележуваат експертите од козметичката индустрија, се огледува клучната разлика помеѓу Русинките и западните жени. 

За Европејките најважно е тие себеси да се чувствуваат комфорно и природно, односно да си се допаднат себеси. Оттука е и удобната облека и лесната секојдневна шминка која ја истакнува природната убавина. 

За Русинките најважно е секој дена да изгледаат најубаво што можат и тоа да им го покажат на оние што ги окружуваат, да покажат дека се најдобри. Оттука е и јаката, според европските мерки, шминка, високите потпетици и често акцентираната сексапилна облека.

Нашата уметност, носијата, архитектурата имаат белези од Скитите, Монголците, од Византијците. Погледнете ги православните храмови, нивната раскошност, на тоа како блескаат на сонце златните куполи. Имено тоа е нашиот културен код кој го создава нашиот вкус и кој го примаме уште од раното детство.

Како што изјави за „Руска реч“ Наталија Цељ, филолог од Санкт Петербург, која се школувала со САД по програма за размена на студенти, на многу Русинки им е тешко да ја сфатат љубовта на западните жени кон лежерниот стил. 

„Како, на пример, се облекуваат и се шминкаат Американките? Тие би рекле: удобно и практично. Ние би рекле: невнимателно и слабо“, - вели Цељ. 

Постојат многу објаснувања за таквото сфаќање за убавината меѓу Русинките. Некои го посочуваат дефицитот на мажи по Втората светска војна, кој ги научи жените да си конкурираат една на друга. Други, пак, сметаат дека Русинките „надоместуваат“ за 70 години притисок врз „женственоста“, кога не се поздравуваа обидите за издвојување од останатите. 

„Причината за тоа како се облекуваат руските девојки навистина лежи во историското минато, но не само во советското наследство, - вели за „Руска реч“ стилистот за модни додатоци Наталија Тан. – Не треба да се заборава: половина од нашата земја се наоѓа во Азија. Нашата уметност, носијата, архитектурата имаат белези од Скитите, Монголците, од Византијците. Погледнете ги православните храмови, нивната раскошност, на тоа како блескаат на сонце златните куполи. Имено тоа е нашиот културен код кој го создава нашиот вкус и кој го примаме уште од раното детство“. 

„Ние сме многу дречливи за европските жени. Нам, на пример, исто така дречливи ни изгледаат жените од Средна Азија. Никој не е подобар и не е полош, едноставно ние сме од различни култури“, - додава таа. 

Како што покажуваат истражувањата, Русинките со задоволство трошат пари на облека и на козметика. Така, според податоците на најголемите истражувачи на потрошувачкото однесување, компанијата Нилсен, 81% од Русинките изјавиле дека слободните пари би ги потрошиле на облека, 73% за одмор, 69% на козметика. Притоа, само 8% помислиле дека би можеле тие средства да ги инвестираат. 

Истражувачката компанија Euromonitor меѓу другото забележува дека Русинките трошат поголем дел од својата плата за козметика, за разлика од европските жени. Така, една жителка на Шпанија, Португалија или на Грција на козметика трошат околу 100 евра, Французинките околу 200, Швајцарките 180 евра, а Англичанките 150 евра. 

Русинките се подготвени за козметика да потрошат околу 70 евра годишно. Сепак, земајќи го предвид фактот дека средната плата во Русија е многу пониска за разлика од Европа (во 2012 година средната плата во Русија била 760 американски долари, во Шпанија 2800, а во Грција 2600 евра), може да се заклучи дека процентуално Русинките трошат многу повеќе пари одошто западните жени.

Додека во Европа пазарот на козметички услуги е заситен, во Русија тој сè уште се наоѓа во фаза на формирање. 

Не е за чудење дека козметичката индустрија во Русија е една од најперспективните и една од оние кои ветуваат најголема добивка. Додека во Европа пазарот на козметички услуги е заситен, во Русија тој сè уште се наоѓа во фаза на формирање. Тука растот изнесува од 5 до 10 проценти годишно. Во една зграда можат да се отворат истовремено 2-3 салони за убавина или фризерници, а притоа тие ќе имаат доволен број клиенти за да продолжат да работат.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња