Лукбук Oh, my. Колекција есен-зима 2013 од волна и кашмир. Извор: Oh, my
Историска традиција
Историска традиција е тоа што луѓето во Руската империја се облекувале или во домашни услови или во приватни ателјеа. Дури и во последната четвртина од 19 век крупни фабрики за производство на готови фустани имало малку и се наоѓале во крупните индустриски развиени градови. На пример, во Москва. Најпознати биле трговските компании Мандљ, Тиљ, Розенцвајг и браќа Петухови. Но, и тие можат да се вбројат како претпријатија од областа на средниот бизнис. Интересно, но вистинито е тоа што империјален развој текстилната индустрија добила за време на советската власт, во дваесеттите години од минатиот век. Потоа се појавиле и гигантски фабрики и колосални обеми на нарачки на турска стока во почетокот на деведесеттите години од минатиот век, и на стока од крупното текстилно производство на современа Русија, како што е ивановската фабрика Quattro. И ете, во последниве години одново се појавија помали компании, кои се занимаваат со самостојна разработка, шиење и продажба на облеката.
Се чини дораснале
Смокинг на Дмитриј Логинов. Извор: Press Photo |
За две децении од пазарната економија во земјата израсна цела плејада млади дизајнери. Тесниот круг модни креатори, кои својата кариера ја започнаа уште во времето на СССР, се пополнуваше со впечатлив список имиња и правци. Практично сите што се заинтересирани за оваа тема добро ги знаат фустаните со геометриски облик на Викторија Газинскаја, смокинзите на Дмитриј Логинов и аристократските фустани-маски на Анастасија Романцова. А тоа дека Kristina Tops шие преубави здолништа од тешка природна ткаенина, Yanina Vekhteva лаконски и истовремено женствени фустани, а Ruzanna Gukasyan ефектни кошули со високи манжетни знаат малкумина. И, во основа, благодарение на ваквите млади проекти „што продаваат“. Така, на гостите на Москва кои се заинтересирани за дизајнот ќе им биде интересно да ѕирнат во Backstage Showroom, каде се претставени многу работи кои се направени од дизајнери кои им се пријатели на сопствениците. Тука може да се најдат и убави здолништа и жакети со сложен крој, и минималистички фустани-футроли. Тука се одржуваат и авторски настани за марките што се продаваат и разновидни предавања за индустријата на модата и за историјата на костимите.
Колекција есен-зима 2014/2015. Извор: A la Russe |
На еден друг, малку поконцептуален формат се придржуваат основачите на продавницата Fancy Crew, кои под ист покрив собраа неколку брендови на лежерна машка облека. Раководејќи се според сопствениот вкус за сè, тие имаат создадено автентичен простор, каде во старите ѕидови од тула на закачалките живеат карирани кошули и панталони во беж боја.
„Бидејќи марките не им се познати на широк круг купувачи, секогаш се обидуваме на секој оној што ќе влезе во нашата продавница да му направиме една мала воведна екскурзија. Згора на тоа некои марки не само што не се познати во Русија, туку и во Европа и во Азија. Кај нас нема случајни работи, во секоја од нив има некаков посебен детаљ. Во извесен степен ние преземаме просветителска улога, раскажувајќи им на луѓето дека постои и друг производ, кој воопшто не е масовен, кој поседува неповторлив карактер“, вели сосопственикот на шоурумот.
Шоу-рум на Fancy Crew. Извор: Press Photo
Интернетот како помош
Интересот за облеката и многумилионската Интернет-публика доведоа до огромен развој на онлајн-промоцијата. Будејќи немаат можност да најдат почетен капитал, дизајнерите во последниве неколку години создаваат свои марки и мошне успешно ги промовираат на Интернет. Така, Интернет-продавницата за облека „Oh, my store“ за само две и пол години дојде до добар (за мало претпријатие) обем на приходи. Основата на нивната концепција, која е нова за Русија, е во тоа што во асортиманот има само едноставни модели фустани, маици, дуксери и блузи од мека трикотажа во строго бела, сива или црна боја. Друг успешен бренд е Bat Norton, чиј „штос“ е продажба на класични машки и женски блузони со дречливи авторски принтови, и тоа исклучително од сопствениот сајт.
Фотографија од летната колекција 2014 на Tootsamacginty од блогот
на Интернет-продавницата Babyswag.ru. Извор: Press Photo
Со порастот на добивање деца кај младите (некаде до 40 години) популарна стана и дизајнерската облека за деца. Сајтовите како што се Babyswag или FunForMum нудат домашни и странски производи кои имаат единствен концепт – екологичност и природна убавина со лесен скандинавски акцент.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче