Саша Луис на забавата по ревијата на машка мода на Балман за сезоната пролет/лето 2017 на париската Модна недела во Ле Бен, 25 јуни 2016.
Getty ImagesМагазинот Business of Fashion неодамна ја објави својата годишна листа на 500 луѓе кои ја обликуваат глобалната модна индустрија. Годинашниов список вклучува руски модели и модни дизајнери како што се Гоша Рубчински, Лота Волкова, Мирослава Дума и многу други. На листата оваа година се најдоа и некои нови лица како што е манекенката која ветува - Крис Грикајте. Дознајте повеќе за неа и другите ѕвезди на модата кои допрва доаѓаат!
Крис Грикајте
Годинашнава дебитантка на листата на Business of Fashion е 17-годишниот модел Крис Грикајте. Крис доаѓа од сибирскиот град Омск. Нејзината северна убавина ја прави една од руските манекенки кои најмногу ветуваат.
Веќе работеше со модните куќи Диор и Прада, а се појави и во мартовскиот број на руското издание на магазинот „Вог“.
Саша Лус
Саша Лус на amfAR гала вечерта, Hotel du Cap-Eden-Roc, Антиби, Франција, 19 мај 2016.
Getty ImagesДа ве забележи Карл Лагерфелд и својата кариера да ја започнете на Шанеловата модна писта звучи неверојатно, но Русинката Саша Лус токму така влезе во модната индустрија. Саша доаѓа од Магадан, град на Далечниот Исток на Русија (градот најмногу е познат по ГУЛАГ-от). Лус денес е заштитно лице на модните брендови Диор и Каролина Ерера, а се појави и во познатиот календар на Пирели во 2015 година, заедно со Џиџи Хадид, Адријана Лима и наталија Водјанова.
Ања Чиз
Ања Чиз позира пред ревијата на женска мода на Рохас за сезоната пролет-лето 2017 на париската Модна недела, 28 септември 2016.
Getty ImagesАња Чиз од петербуршката агенција Andy Fiord Models беше избрана за ревијата Алта Мода на дизајнерското дуо Долче и Габана (Dolce & Gabbana) во Неапол, која во целост е посветена на италијанската актерка Софија Лорен. Уште еден голем успех за Чиз е учеството во ревијата есен/зима 2016-2017 на Нина Ричи.
Анастасија Орлова
Анастасија Орлова позира пред ревијата на Кристијан Диор за пролет/лето 2017 во рамките на париската Модна недела, 23 јануари 2017.
Getty ImagesИако има само шеснаесет години, ова темнокоса девојка со длабоки очи веќе соработуваше со Диор, Ланвин и Соња Рикел. Анастасија доаѓа од московската агенција Лилас, а модните стручњаци предвидуваат дека нејзиното лице наскоро ќе го видиме во рекламна кампања на некој голем бренд. Отворете очи!
Викторија Косенкова
Викторија Косенкова на пистата во текот на ревијата Скјапарели за сезоната пролет/лето 2017 на париската Модна недела, 23 јануари 2017.
Getty ImagesДолче и Габана, Диор, Валентино и Шанел се само некои од модните куќи со кои оваа убавица веќе има работено. Ја отвори и затвори модната писта за пролетната колекција Барбери 2016, што ни најмалку не е едноставна работа за толку млада манекенка. Викторија најмногу работи во Лондон, но понекогаш наоѓа време да ги посети Њујорк и Париз.
Одет и Лиа Павлови
Близначките Лиа и Одет Павлови третиот ден од лондонската Модна недела, 19 февруари 2017.
Getty ImagesОвие близначки од Санкт Петербург во 2015 година потпишаа ексклузивни договори со Сен Лорен и Гучиј. Многу импресивно! Сестрите работат и заедно и одвоено, а секоја го зазема своето место во светот на модата. Лиа беше ангажирана во 2015 година на дури 71 писта, додека Одет соработуваше со рекламната кампања на Живанши за сезоната есен/зима 2016. Ако сте дизајнер и не можете да се решите која сестра да ја одберете за новата колекција, знајте дека Одет е 2,5 см потенка во половината и колковите.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче