Черкеско палто на Кавказец.
РИА НовостиВо нивните работи можат да се видат сиви жакети со црни опшивки, во черкески стил, со светло црвена постава, облечени на црвени минифустани со потсукњи од тул или како додаток на тесни црвени панталони.
Планинска мажественост
Черкеска, или „чепкен“, како што ја нарекуваат Карачајците, претставува визит-карта на Кавказ. Таа не само што ги плени со својата форма и практичност околните народи ами влезе и во состав на традиционалниот козачки костим. Ова е вид горна облека на раскопчување со ревери што се разминуваат, а која цврсто стои на фигурата на горниот дел, со строго стегнат појас и со газирници (малечки џепчиња за кутијки за барут) на градите. Отсуството на јака, длабокиот изрез и јасно исцртаната талија ја потцртуваат природната „триаголна“ градба на машката фигура и визуелно ја зголемува височината. А, долниот дел, кој паѓа слободно, му дава грациозност на одот.
Обично черкеската ја облекувале врз бешмет, долга кошула слична на туника, чија јака се затвора до горе. Тој бил шиен од мошне цврста ткаенина, најчесто од домашно сукно за чорапи или од фабричка ткаенина (на пример, атлас) за посебни случаи. Освен тоа, бешметот бил стегнуван за да биде потврд. „Постарите луѓе до денешен ден ги носат износените топли бешмети со темни тонови, сошиени, обично, од домашно сукно“, пишува историчарот и теоретичар на уметноста Ана Кузнецова во книгата „Народната уметност на Карачајците и на Балкарците“.
Черкеската обично се носела над бешмет. Извор: ТАСС
Панталоните во овој костим имале сложен крој, со оглед на тоа дека требале одеднаш да вршат две функции. Од една страна, тука е чисто утилитарната функција – да бидат удобни при одењето и при јавањето, па затоа имале мошне слободен појас, кој се собирал со колан. Притоа, тие требале да бидат во согласност со стројната силуета на останатата облека, па затоа долниот дел е добро прицврстен за ногата.
Боите на карачаевскиот и на балакирскиот машки костим биле крајно ограничени, речиси монохроматски. Неговата најголема предност е естетиката, која е прикажана преку строгоста на кројот и природните пропорции на човечката фигура.
Во услови на сложена клима и на планински месности ,најраспространет вид обувки биле високите мошне меки чизми, кои и се нарекуваат „кавкаски чизми“. Кузнецова пишува: „Еластичноста на обувките се постигнувала на уникатен начин. Тенката кожа, која е сошиена како чорап, се облекувала полусува на боса нога и откако така ќе се исушела, мошне долго ја задржувала формата. Овој начин на правење обувки им е познат на северните кавкаски народи одамна. Долгите ногавици, понекогаш дури и над колената, се врзувале со колан под колената, а од него над колената се истакнувал слободниот дел, кој на ногата ѝ давал посебна силуета“.
Вечна женственост
Женскиот костим, според своето стилско решение, малку се разликува од машкиот. Истата грациозност што го покрива горниот дел од телото, но со поголема должина и обем во долниот дел. Под овој горен дел од костумот исто така се облекувала долна кошула, каков што е случајот со машкиот бешмет, најчесто со црвена или со портокалова боја, која мошне ефектно ѕиркала низ разрезот на фустанот, почнувајќи од појасот.
Жените од Кавказ многу сакаат моди дотаци и ги носат во голем број. Извор: PhotoXPress
Уште од периодот на созревањето девојките морале да носат кус кафтан, кој бил сличен според кројот на машкиот бешмет. На градите се закопчувал со големо количество, до 20 парчиња, масивни сребрени копци (среброто во Карачево-Черкесија традиционално повеќе се ценело од златото), се украсувал со галуни и со вез, а потсукњата се гледала низ големиот, но мошне мудри изведен разрез на фустанот.
Многу се разликувала облеката за на глава. Доколку мажите, особено во 19 век, претпочитале сукнени и крзнени варијанти на традиционалната папаха (шапка со права цилиндрична форма со сплеснат обод, женските шапки и марами се одликување со богатство од декор. Тука се ногајските свадбени шапки со висина до 70 сантиметри, извезени со злато, сребро, со крзно и со скапоцени камења, кои чинат колку неколку коњи. И, секако, жените не би биле жени без накит. Жителките на Кавказ ги сакаат и ги носат во изобилство. Основен штрих на традиционалната облека е сребрениот појас „кјумјуш бели бау“, кој е особено популарен кај Карачајките.
Враќање кон корените
Денес традиционалниот костим на Карачево-Черкесија е мошне користен моден примерок. Последниве неколку години тука се прават колекции на актуелна облека, во чија основа се наоѓаат черкеската и бешметот. Особено популарни меѓу жителките на оваа република се свадбените облеки со национален колорит, со многу вез и украсени со тантела.
Модните дизајнери ги обожуваат черкеските фустани. Извор: PhotoXPress
Секако, на улиците на големите градови од републиката да се види човек во традиционален костум е смешна слика. „На наште улици гледаме празник од црна облека со кристали и долги здолништа, кои минатата година беа исклучиво зелени. Денес многу муслиманки носат шамии, што историски не е својствено за карачаевската култура. Налето мошне често се среќава комбинација од марама, здолниште до земја, кошула со долги ракави (сето тоа може да биде со дречливи бои од кои болат очите) и очила за сонце, кои покриваат половина од лицето. Кај мажите е истата приказна. Нивна особена љубов се црвените мокасини“, вели за „Руска реч“ Викторија, која е жителка на Черкеск.
Но, модната авангарда и уметниците веќе ја презедоа идејата за внедрување на националниот костим во секојдневието. На претставниците на творечката елита може да се види жакет, кој потсетува на скусена черкеска со стилизирани газирници. Како што тргнало, можеби наскоро на улиците нема да биде реткост комбинација од традиционална црвена черкеска кошула-бешмет до земја од некој карачаевски дизајнер со тенок ремен, со темно сино палто Зара и балетанки а-ла Bagglerina или Bloch со боја nude.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче