Во 1960-тите во Советскиот Сојуз, ако се сакаше, можеше да се најде добра акустична гитара, но електричната беше друга приказна. Во тој момент едноставно немаше гитари од советско производство.
Борис Гребеншчиков, солист на групата „Аквариум“ свири на гитара Squier Fender Stratocaster
Александр Астафьев/SputnikМузичарите мечтаеја за легендарните американски гитари Fender Stratocaster, но овие инструменти можеа да ги купат и донесат во земјата само привилегираните. На пример, ако имавте роднини-дипломати или морнари. Постоеше и можност гитара да се набави и од сојузничките земји, како Германската Демократска Република или Чехословачка, но тоа задоволство беше прескапо.
Меѓутоа, и покрај Студената војна и идеолошката аверзија спрема сè што доаѓа од Запад, особено спрема „западната“ музика, џезот и рокот, во Советскиот Сојуз за време на перестројката имаше многу официјално регистрирани музички групи. Најразлични установи имаа свои ансамбли. И на сите им беа потребни електрични гитари.
Аэлита, Московска експериментална фабрика за музички инструменти.
TASSНо, ниту една од советските фабрики немаше искуство во производството на гитари, така што првите примероци беа направени од истите материјали што се користеа за изработка на ормари, комоди и кревети.
РИТМ-СОЛО (Ленинградска ТОНИКА), Ленинградска фабрика „А.В. Луначарски“ (1969-1974)
МУZЕУМПрвата советска гитара е произведена во Санкт Петербург во 1964 година под името „Тоника“. Чинеше 180 рубли и за да ја купите ви требаше малку повеќе од една просечна инженерска плата.
УРАЛ 650А (1975-1977)
МУZЕУМНајпроизведувана беше гитарата „Урал“, правена во фабриката за мебел во Свердловск, денешен Екатеринбург. Во тоа време постоеше Научно-истражувачкиот институт за музичка индустрија, кој по налог на Министерството за култура се занимаваше со развој на музички инструменти. Меѓутоа, во Свердловск одлучија да направат своја верзија на гитарата.
ТОНИКА ЭГС-650 арт. 406, Свердловска фабрика за музички инструменти (1971-1977)
Архив Галины ПискуновойДонесоа неколку гитари Yamaha и... ги ископираа. Советската гитара „Урал“ е всушност копија на гитарата Yamaha CR-5 со малку изменети димензии.
Целокупнто производство на гитари беше контролирано од државата. Во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век, со производство на гитари се занимаваа три фабрики во земјата. Тоа беа фабриките во Свердловск, Ростов на Дон и Орџоникиѕе, денес Владикавказ, а во асортиманот на советските електрични гитари имаше четириесетина модели.
Нивната главна карактеристика не беше уникатниот и квалитетен звук, туку специфичната конструкција. Советските гитари имаа врат дебел како цепаница, бидејќи не знаеја да стават тенка метална шипка низ вратот која спречува вибрации и негово искривување.
АЭЛИТА, фабриката МПО КАВКАЗ и Ростовска фабрика за хармоники (1973-1988)
МУZЕУМСоветските електрични гитари имаа уште една специфична карактеристика, дебел слој лак, што ги правеше неуништливи.
АККОРД Ритм, Ленинград (1970-1972)
МУZЕУММузичарите меѓу себе се шегуваа дека советскиот инструмент е доволно добар само за ефективно да се скрши на бината како што тоа го правеше Курт Кобејн. А во случајот со советската гитара, најверојатно ќе настрадаше бината, а не инструментот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче