Балалајка е жичен инструмент со триаголна форма со прагови на вратот, шуплив труп и три жици. Две жици се наштимани на ист тон, додека третата е наштимана за кварта повисоко.
Балалајката првпат се споменува во пишани извори од крајот на 17 век. Балалајката е поедноставена верзија на домрата, исто така инструмент со три жици што го користеле патувачките музичари скомрахи.
Како и домрата, Руската православна црква на почетокот ја забранувала балалајката како „ѓаволски“ инструмент. Но, во 18 и 19 век балалајката станала многу популарна меѓу Русите. Нејзините високи тонови и енергичниот звук биле совршена придружба за танц.
Називот балалајка е ономатопеја. Звукот на овој збор ги имитира одѕвонувачките, активирачки тонови што инструментот ги произведува. Може да се спореди со зборот „балакатˮ во значење „брбориˮ.
Руската народна песна „Коробејникиˮ („Улични продавачиˮ) во изведба на момчето Степан Филипов
Прима балалајката е единствениот солистички инструмент од групата балалајки. Постојат и балалајка секунда и алт, кои се користат во оркестри и ансамбли, и бас балалајка и контрабас балалајка.
Михаил Тихонов свири бас балалајка.
Василиј Андреев (1861-1918), виолинист со класично образование, во 80-тите години на 19 век ги проучувал руските народни инструменти. Смислил нов штим за балалајка и ја изработил нејзината стандардна конструкција. Одржувајќи концерти ширум Русија Андреев ја популаризирал балалајката. Евфтина, гласна и лесна за свирење, бргу се стекнала со масовна популарност.
Василиј Андреев
Јавен доменВо советско време балалајката се свиреше во музичките школи ширум СССР како еден од изборните инструменти. Во современа Русија постојат и академски студии за балалајка.
Алексеј Архиповски е современ руски виртуоз на балалајка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче