Царот Петар како дете имал секакви играчки, но најомилено му било оружјето – пушките, лаковите и стрелите, секирите, копјата и мечевите за деца.
Таткоео на Петар Алексеј Михајлович (1629-1676) го забележал овој интерес и за својот син формирал посебен полк. Така четиригодишниот Петар станал командант на свој сопствен полк.
Петар Први, портрет.
Public domainТатко му му помагал сè до својата смрт во 1676 година по што Петар продолжил самиот да командува со помош на Павел Менези, шкотски генерал кому царот Алексеј му ја доверил воената обука на младиот Петар.
Минијатура во ракопис од првата половина на 18 век „Историја на Петар Први“ на авторот П. Крекшин. Колекција на А. Баратински. ГИМ „Воена вежба во близина на селата Коломенское и Кожухово“, „Потешните“ полкови се на дното.
Public domainСо текот на времето оваа малечка војска станала позната како „потешни полкови“, односно полкови за игра и забава.
Порано малите принцови ги забавувале лакрдијаши, жонглери и џуџиња. За нив се правени минијатурни кочии за да ги влече пони, а за сето тоа се грижеле жителите на посевни села кои поради тоа се нарекувале „потешни села“ (села за забава). И за детската војска на малиот принц Петар се грижеле жителите на ваквите села. Едно од нив се викало Преображенское (денес на територијата на Москва). Затоа и полковите го добиле називот „потешни“. Меѓутоа, како минувало времето оваа „војска за забава“ сè повеќе личела на вистинска војска.
Воени игри на „потешните единици“ на Петар Први кај селото Кожухово, 1882 година.
Алексеј КившенкоПетар имал 11 години кога во 1683 година за првпат присуствувал на вистинска топовска стрелба. Целта на таа стрелба исто така била забава. Истата година младиот војсководец започнал со обука на терен. Тогаш веќе во своите полкови примал и возрасни.
Во целото Преображенское во 1684 година подигната е дрвената тврдина Пресбург под надзор на Франц Тимерман, новиот воен учител на Петар. Полковите биле поделени на „непријатели“ и „бранители“, па се вежбал напад на мала тврдина и нејзина одбрана. Растел бројот на војниците во селата Измајлово и Семјоновское. Петар во 1686 година веќе користел вистинска артилерија, а во 1687 година организирал „поморска“ воена вежба во Просјанскиот рибник во близина на Измајлово.
Петар Први управува со чамец со едра, 1864 година.
Алексеј КившенкоВо 1691 година Петар од своите момчешки полкови ги направил првите два регуларни полка на својата идна армија – Преображенскиот и Семјоновскиот полк. Подоцна тоа биле првите единици на императорската гарда. Така во 1691 година започнале вистински воени вежби кои траеле со месеци.
Потоа Петар во 1693 и во 1694 година тргнал со своите полкови на првиот марш до Архангељската област на северот од Русија и назад, а во 1694 година организирал голема воена вежба во близина на селото Кожухово во Москва. Пукале вистински топови и пушки, имало и човечки жртви. Вежбата траела шест недели, на неа учествувале над 30.000 луѓе, загинале 24 учесници, а 50 биле ранети. Така настанала воена сила која набрзо ќе дојде до израз во Северната војна.
„Потешната“ војска на Петар Први во крчма, 1892 година.
Андреј РјабушкинПетар разработил и нова воена тактика по која руската армија подоцна била позната. Тој ја отфрлил француската воена обука во која војниците се третирани како „накитени кукли“. Рускиот цар од својата армија барал ефикасност. Не инсистирал толку на формација, колку на храброст, на цврстина и на решителност во нападот, како и на лична иницијатива на секој офицер и војник. Благодарение на ваквите квалитети пешадијата и коњицата на Русија победиле во Северната војна и веќе во 1720 година станала најмоќната воена сила во Европа.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче