Кон средината на 1943 година воената среќа почна да преминува на страната на антифашистичката коалиција. Германците претрпеа големи порази кај Сталинград и кај Курск, Јапонците беа поразени кај островот Мидвеј и во битката кај Гвадалканал. Германските стратези сфатија дека на фронтовите иницијативата почнува да преминува на противничката страна.
Со оглед на тоа дека не беа во состојба да ја променат ситуацијата, нацистите се решија на поинаква тактика. Планираа со еден удар да ги обезглават земјите кои се бореа против нив. Бепе донесена одлука да се ликвидира целокупното високо раководство на СССР, на Велика Британија и на САД.
Советски офицери во Иран
Public domainОваа идеја се појави откако германската разузнавачка служба во септември 1943 година го дешифрираше американскиот морнарички код и дозна за намерата на Сталин, Рузвелт и Черчил следниот месец да се состанат на конференција во Техеран (според друга верзија, информацијата протекла од британската амбасада во Турција). Германците не смееја да ја пропуштат ваквата можност.
Техеранската конференција, 1943 година.
National Museum of the U.S. NavyДолгиот пат до Иран за нив не претставуваше препрека. Оваа земја добро ја познаваа. Уште во триесеттите години од минатиот век Германија во Иран инсталираше ефикасна разузнавачка мрежа на агенти. Раководството на оваа блискоисточна земја пријателски се однесуваше кон нацистите и тие таму се чувствуваа како дома сè до нападот на Германија врз СССР. Веќе во август 1941 година советските и британските сили влегоа на територијата на Иран и без крвопролевање го сменија неговото раководство, со што обезбедија приклучување на земјата кон антифашистичката коалиција.
Довчерашниот сојузник Техеран му стана непријател на Берлин, барем официјално. Сепак, германската мрежа агенти, иако со претрпени сериозни удари, не беше уништена. Откако привремено се притаи, повторно се активираше наспроти конференцијата во Техеран, кога Хитлер даде одобрение за реализација на операцијата „Долг скок“.
Раководењето со операцијата за ликвидација на тројцата светски лидери му беше доверена на главниот диверзант на Третиот Рајх, кој ја предводеше операцијата за ослободување на Мусолини, СС-полковникот Ото Скорцени.
Ото Скорцени
Public domainСпоред планот, единици германски диверзанти кои се исфрлени на територијата на Иран требаше да влезат во Техеран, да се помешаат со масата и да чекаат можност за заседа. Европејците во иранската престолнина во тоа време не привлекуваше внимание, зашто градот беше преполн со бегалци од Европа кои беа зафатени од војната.
„Во разнобојно облечената толпа од локалното население се издвојуваа луѓето кои очигледно не знаеја што да прават со себе. Беа убаво облечени, се возеа во сјајни лимузини или едноставно талкаа по улиците. Тоа беа имашни бегалци од војната што ја беше зафатила Европа, луѓе кои навреме го префрлиле својот капитал во Техеран и тука живееја безбедно. Секако, меѓу нив беа и фашистичките агенти“, се сеќава Борис Тихомолов, пилотот кој го донел Сталин во Иран.
Советскиот партизан Николај Иванович Кузнецов во германска униформа
SputnikГерманците знаеја дека британската и советската мисија се наоѓаат една покрај друга, а Американците биле одделени на крајот од градот. Рузвелт, кој неколку пати дневно морач да оди на средба низ тесните улици на Техеран, станал прва мета за ликвидација или за фаќање, доколку се пружи можност.
Првата група диверзанти од шест лица, вклучувајќи и двајца офицери за врска, беше исфрлена со падобранци во пределите на градот Кум, 70 километри од престолнината. Кога ќе стасаат во Техеран за задача имаа да воспостават радиоврска со Берлин и да подготват услови за средби на следните групи. Диверзантите имаа две недели за да дојдат на лице место, каде се сместија во безбедна вила која им ја беше подготвила локалната агентура.
Меѓутоа, за тоа време советската разузнавачка служба не седеше со скрстени раце. По неколку канали до Сталин доаѓале информации за подготовката за атентат на сојузничките лидери.
На Техеранската конференција
Getty ImagesГлавниот извор на оваа информација беше разузнавачот Николај Кузнецов. Тој одлично зборуваше германски и го зеде идентитетот на поручникот на Вермахтот Паул Зиберт. Додека бил на служба во градот Ровно во западна Украина, се спријателил со СС-полковникот Улрих фон Ортел кој во пијана состојба му ја кажал информацијата за операцијата која се подготвува.
Сталин во Техеран стаса веќе добро известен за германските планови. Веднаш беше зајакнато обезбедувањето на лидерите и започна чистењето на градот од германските агенти. Покрај тоа, Френклин Рузвелт од безбедносни причини се повикан да се смести во советската дипломатска мисија, покрај салата за преговори. Американскиот претседател со задоволство го прифатил предлогот, зашто поради парализа на ногата тешко поднесувал долго возење.
Набргу советската воена контраразузнавачка служба СМЕРШ ја пронајде првата група германски диверзанти и тие беа неутрализирани уште пред почетокот на конференцијата. Што Берлин дозна за овој неуспех, операцијата беше откажана. „Долг скок“ беше прекинат.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче