Како и зошто се вршат подземни нуклеарни проби?

Градот Курчатов во Казашките степи денес не е достапен за јавноста и потсетува на нуклеарен град-сениште. За влез во него е потребна дозвола од властите. Подигнат е за елитните научници од советскиот период и тогаш имал 50.000 жители. Денес во него живеат 10.000 луѓе.

Градот Курчатов во Казашките степи денес не е достапен за јавноста и потсетува на нуклеарен град-сениште. За влез во него е потребна дозвола од властите. Подигнат е за елитните научници од советскиот период и тогаш имал 50.000 жители. Денес во него живеат 10.000 луѓе.

Getty Images

Кратко упатство на тема како да се предизвика земјотрес и тектонско поместување

По првата експлозија на советска атомска бомба на 29 август 1949 година еден од учесниците на овој проект Кешрим Бозтаев во своите мемоари има напишано: „Ужасна глетка беа озрачените степски орли и соколи. Пердувите од едната страна им беа јагленосани, а очите им беа бели. Стоеја на телефонските жици, не се ни обидуваа да се помрднат кога им приоѓавме. На едно место видовме мртво, мошне надуено и излупено прасе. Лекарите не стасаа да го одвезат. Сè на сè глетката беше ужасна. Ете какви последици за човештвото носи неговиот најголем изум“.

Првата советска атомска бомба РДС-1 фрлена е во 1949 година на Семипалатинскиот полигон (источна периферија на Казахстан).

Но, неколку години по почетокот на тестирањата, советските лидери сфатија дека еколошките последици од нуклеарните проби би биле катастрофални, без разлика колку се далеку од населените места.

Поради тоа во 1963 година нуклеарните сили (САД, СССР и Велика Британија) го потпишаа „Московскиот договор“ за забрана за нуклеарни проби во атмосферата, во космичкиот простор и под вода, договарајќи се во иднина да вршат само подземни нуклеарни проби.

Подземните нуклеарни експлозии „од А до Ш“

За ваков вид тестирања рударите подготвуваат на полигон рударски окна, односно тунели во земјата кои би биле хоризонтални или со искосување. Секој тунел дополнително се зајакнува однатре за радијацијата да не продре на површината и да го контаминира подрачјето.

Првиот таков советски тунел е ископан во 1961 година во карпа до длабочина од 125 метри, а бил долг 380 метри. По завршувањето на работите на ископувањето тунелот е преуреден во комора за детонација на бомби, каде со шини се спуштал контејнер со нуклеарна боева глава со јачина еднаква на еден килотон ТНТ (што е 20 пати помалку од бомбата 1945 година на Хирошима).

Една експлозија би требало да создаде во комората притисок од неколку милиони атмосфери, и за да се избегне тоа покрај тунелите се направени дополни „џебови“ набиени со различен материјал за производот од распадот да не дојде до површината.

Првиот „џеб“ бил ѕид од армиран бетон и зад него 40 метри набиен чакал. Понатаму е спроведена цевка за одвод на неутрони и гама-зраци до сензорите кои регистрирале развој на верижна реакција.

Следниот „џеб“ бил долг 30 метри, набиен со армирани клинови. Последната „линија на одбраната“ била долга 10 метри и оддалечена 200 метри од епицентарот на експлозијата. Тука научниците поставувале неколку инструменти за мерење на ударниот бран и на радијацијата.

Местото на епицентарот на експлозијата е обележано на површината на полигонот со специјално знаменце точно над комората. Научниците ја иницирале детонацијата од атомската скривница оддалечена пет километри од епицентарот.

Вака на површината изгледа една подземна нуклеарна експлозија:

Првата советска експлозија предизвикала „камен дожд“, а земјата над епицентарот се подигнала четири метри во височина.

Излегло дека подземната експлозија е еколошки побезбедна од експлозијата во море или во воздух. По детонацијата не е измерено зголемување на радијацијата на површината, а окното од отворот до третиот „џеб“ не било оштетено, така што научниците можеле да ги преземат од инструментите сите потребни податоци.

Тресење на земјата

Со текот на времето излегло дека нуклеарните експлозии со определена сила можат да предизвикаат техногени катастрофи и земјотреси.

Најмоќната подземна нуклеарна проба во историјата ја извела американската војска во 1971 година на пустиот остров Амчитка (Алеутски острови, Алјаска).

Тогаш била применета термонуклеарна бомба од пет тони со цел да се проучат сеизмичките ефекти од евентуален сличен напад. Оваа експлозија предизвикала земјотрес со јачина од 6.8 степени и ја подигнала површината на теренот за пет метри, а покрај тоа предизвикала уривање долж крајбрежната линија и поместувања на слоеви од островската земја на површина поголема од 300 квадратни километри.

И денес на територијата на поранешниот СССР можат да се најдат отворени радиоактивни окна. Ги има десетина зашто по распадот на земјата војската не секогаш се трудела да ги конзервира овие објекти. Многу „нуклеарни артефакти“ (отпад од нуклеарни проби во вид на расипани мерни инструменти и апарати, и фрагменти од карпи и метал пеплосани од радијација) ги имаат однесено таканаречените „дигери“ (аматери кои ги истражуваат подземните тунели), така што сето тоа и денес може да се најде на пазарот на црно. Според тоа, секој што доволно ќе се потруди може да набави парче Чернобил или остаток од нуклеарните проби.

Прочитајте уште: Зошто Советскиот Сојуз создаде свое атомско оружје?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња