Како САД планирале да го уништат СССР во 1949

Тестирање на првата советска атомска бомба, Семипалатинск , 29-ти август, 1949

Тестирање на првата советска атомска бомба, Семипалатинск , 29-ти август, 1949

Getty images
Американскиот план бил да се фрлат 300 нуклеарни и 29 илјади други конвенционални бомби на 200 цели и речиси на 100 градови и места во Советскиот Сојуз со што со еден удар би се уништиле 85% од индустрискиот потенцијал на земјата.

Веднаш по Втората светска војна Соединетите Американски Држави, единствените кои поседувале нуклеарно оружје, ја испитувале можноста за започнување на „превентивен“ напад на СССР со цел да го елиминираат од играта на суперсилите. САД се плашеле од советска инвазија во Западна Европа, во Блискиот Исток и во Јапонија.

Во октомври 1948 година американскиот претседател Хари Труман го одобрил документот на Советот за национална сигурност (NSC 30) за „Политиката за нуклеарна војна“, во кој стои дека САД би требале да бидат подготвени за „брзо и ефикасно користење на сите можни средства, вклучувајќи го и нуклеарното оружје, во интерес на националната безбедност“.

Хари Труман, Јосиф Сталин и Винстон Черчил / Архивна фотографијаХари Труман, Јосиф Сталин и Винстон Черчил / Архивна фотографија

Кертис Лемеј, фрустрираниот егзекутор на СССР

Генералот Лемеј бил познат по тоа што го предводел стратешкото бомбардирање на Јапонија, вклучително и нуклеарното бомбардирање на Хирошима и на Нагасаки.

Потоа ја организирал Стратешката воена команда (SAC или Strategic Air Command) како агенција за управување со можните нуклеарни војни во текот на Студената војна. Очигледно, против СССР. Пред оваа организација да стане целосно оперативна, Лемеј во 1949 година предложил покренување на целосниот нуклеарен инвентар на САД (133 бомби) против 70 советски градови и метрополи во источна Европа во текот на 30 дена. Тој бил уверен дека Советите не се подготвени да одговорат на нападите на СВК.

Кертис Е. ЛеМеј во текот на Студената војна како шеф на SAC (Стратешката воздухоплова команда) во САД / Архивна фотографијаКертис Е. ЛеМеј во текот на Студената војна како шеф на SAC (Стратешката воздухоплова команда) во САД / Архивна фотографија

Дропшот: Планот на Вашингтон за крај на светот

Во 1949 година е осмислен планот Дропшот кој предвидувал САД да ја нападнат советска Русија и да фрлат повеќе од 300 нуклеарни бомби и 20.000 тони конвенционални бомби на 200 цели и 100 населени места, вклучувајќи ги и Москва и Ленинград (денешен Санкт Петербург).

Освен тоа, пописот на целите содржи дури неверојатни 1.200 градови од Источна Германија на запад до Кина на исток. Москва се наоѓа на врвот на листата со 179 цели (вклучувајќи го и Црвениот плоштад), додека за Ленинград биле планирани 145. Моќта на нуклеарното оружје се движела помеѓу 1.7 и 9 мегатони (бомбата Литл Бој фрлена на Хирошима на 6 август изнесувала околу 0.013-0.018 мегатони).

Источен Берлин, како и Варшава (Полска) и Будимпешта (Унгарија) биле на списокот заедно со други градови кои се наоѓаат надвор од советските граници и за нив имало означено 91 цел.

Помеѓу 75 и 100 од 300 нуклеарни бомби требало во целост да ја уништат целата советска борбена авијација. Највознемирувачки бил планот „Категорија 275“ кој може да се види во Архивата за национална безбедност (декласифициран во 2015 година). Негова цел биле луѓето – проценето е дека од американскиот напад би погинале околу 60 милиони лица.

Доколку СССР би одбиел да се предаде по разорниот напад, САД би продолжиле со бомбардирање на урбаните и на индустриските подрачја до нивно целосно уништување.

Освен тоа, проектантите сакаа да покренат голема кампања против СССР за „целосна победа“ со европските сојузници.

Американските планови оделе и подалеку од Русија. Пекинг бил на листата „топ-20“ (на 13 место) со 23 подрачја предвидени за уништување.

Како планирале да го сторат тоа?

Според документите кои беа тајни до 2015 година, боевите глави би биле лансирани од Велика Британија, Мароко и Шпанија. Освен тоа, би се користеле и интерконтиненталните бомбардери В-52 кои за време на изработката на планот на агресорот почнале да се дистрибуираат за американските воздушни сили.

Архивна фотографијаАрхивна фотографија

Што се случило?

Според книгата „Операција Трета светска војна: Тајниот американски план (Дропшот) за војна со Советскиот Сојуз“(Operation World War III: Secret American Plan ("Dropshot") for War with the Soviet Union) на Ентони Кејв Браундјурент, единствена препрека на патот кон ваквиот нуклеарен напад бил кусокот од нуклеарни бомби (во 1948 година Вашингтон тврдел дека поседува арсенал од 50 бомби од тој тип) и авиони за извршување на нападите. Истата таа година американското воено воздухопловство имало само триесет и два модифицирани бомбардери В-29.

Во 1949 година американскиот нуклеарен арсенал имал 250 автоматски бомби, а Пентагон заклучил дека победата над Советскиот Сојуз е сосема „можна“. За среќа на човештвото СССР тоа лето успешно ја тестирал својата нуклеарна бомба, со што плановите на САД се смениле. Професорот Доналд Ангус Меккензи од Универзитетот во Единбург во својот есеј „Планирање на нуклеарна војна и стратегијата на нуклеарното присилување“ пишува:

„Тестирањето на советската нуклеарна бомба на 29 август 1949 година длабоко ги потресе Американците кои веруваа дека нивниот нуклеарен монопол ќе трае многу подолго“.

Заборавениот јунак

Во јануари 1950 година научникот Клаус Фукс, теоретски физичар во Германија и член на тимот на проектот Менхетн што ја изгради првата нуклеарна бомба во САД, бил уапсен и осуден на четиринаесет години затвор поради откривање на воена тајна на сојузничка земја (да, Советскиот Сојуз и понатаму бил класифициран како сојузничка држава).

Клаус Фукс / Архивна фотографијаКлаус Фукс / Архивна фотографија


Фукс на Советскиот Сојуз му ги предава најважните податоци за проектот Менхетн од сосема несебични причини, на основа на своите политички убедување и чувството на длабок страв од нуклеарниот монопол на САД. Тоа му помогнало на СССР да создаде сопствено нуклеарно оружје.

Советската држава на Клаус му доделила највисоко признание. Фукс е пуштен на 23 јуни 1959 година, по што емигрира во Источна Германија каде продолжува со својата научна кариера. Умре во 1988 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња