Зошто Советскиот Сојуз создаде свое атомско оружје?

Во август 1945 година САД покажаа во каква опасност се наоѓаат земјите кои не припаѓаат на западниот блок и фрлија две бомби над Јапонија

Во август 1945 година САД покажаа во каква опасност се наоѓаат земјите кои не припаѓаат на западниот блок и фрлија две бомби над Јапонија

Getty Images
Русите работеле над создавањето на атомска бомба, за да не успее Хитлер да ги претекне.

Денес нуклеарното оружје е сериозен проблем за човештвото, но токму со неговото создавање завршува ерата на најспектакуларните светски војни. Гарантираното меѓусебно уништување ги натерува наддржавите да постигнат договор онаму каде претходно лесно можеле да го преземат патот на вооружениот конфликт.

Во првите години на нуклеарната ера монополот врз атомската бомба го држеле САД. Во август 1945 година тие покажаа во каква опасност се наоѓаат земјите кои не припаѓаат на западниот блок и фрлија две бомби над Јапонија.

Ситуацијата се менува на 29 август 1949 година кога Советскиот Сојуз спроведува тестирања на сопствено нуклеарно оружје.

Почетокот на трката

Мислата за тоа дека добиената при распадот на јадрото на ураниумот колосална енергија може да се користи за воени цели, била за прв пат искажана од страна на физичарите кон крајот на триесеттите години од минатиот век. Како првенци се покажале Германците. Токму Германија стигнала најдалеку од сите земји при теорискиот развој на нуклеарната тематика. Германскиот атомски проект започнал уште во текот на летото 1939 година. Физичарите, кои избегале од Германија по доаѓањето на власт на Хитлер, брзо сфатиле до што може да доведе неговото успешно завршување. Германците требало да бидат претекнати, при тоа колку побрзо, толку подобро.

Во август 1939 година, претседателот на САД Френклин Рузвелт добил писмо од истакнатиот физичар Алберт Ајнштајн. Носителот на Нобеловата награда за физика му обрнал внимание на претседателот на фактот дека нацистите спроведуваат истражување со цел создавање на нуклеарно оружје и нудел да се започне реализација на сличен проект и во САД. Во следните две години од другата страна на океанот се започнуваат големи активности во кои биле вложени значителни средства и привлечени најголемите умови на ерата - Н. Бор, Е. Телер и други.

Проект „Менхетен„ - проект кој имал за цел развој на атомска бомба за времето на Бтора светска војна./ APПроект „Менхетен„ - проект кој имал за цел развој на атомска бомба за времето на Бтора светска војна./ AP

Сето ова било добро познато во СССР. Советските физичари биле информирани за активностите на странските колеги. И разузнавањето не седело со скрстени раце. Во јуни 1940 година тоа соопштува дека Американците почнуваат истражувања со ураниум-235. Година и половина подоцна, веќе по почетокот на Големата татковинска војна, стасале уште вознемирувачки сведоштва: уште во 1943 година Англија може да создаде свое нуклеарно оружје. Тоа значело дека Германците, чии војници веќе биле во близина на Москва, се во финалната фаза. Советскиот сојуз сериозно заостанува во нуклеарната трка.

Физичарите и разузнавањето работат

Сите информации за успесите на западните земји во развојот на нуклеарно оружје се слевале во Кремљ. Јосиф Сталин брзо сфатил дека станува збор за витално прашање за земјата. Неговата одлука звучела уникатно: „Немаме бомба, лошо работиме!“. Германците под Москва биле запрени, а наскоро бил постигнат и пресврт во војната. Но, немало никакви гаранции дека ситуацијата нема да се промени доколку Германците го добијат во рацете суперсилното оружје. Успесите на Американците и Англичаните исто така се оценуваат со тревога: ако успеат да направат атомска бомба, тие би можеле самостојно да го поразат Хитлер, а потоа да му се закануваат и на Советскиот Сојуз.

Во септември 1942 година раководството на СССР го озаконува создавањето на посебна лабораторија која ќе се занимава со нуклеарната проблематика. Токму од неа започнува историјата на советскиот атомски проект. Во неа работел мал, но искусен колектив физичари, предводени од И. В. Курчатов. Тој ќе влезе во историјата како таткото на советската атомска бомба. Во тесна соработка со научниците работело разузнавањето. Советската шпионска мрежа во САД располагала со целосни информации за текот на американскиот атомски проект, вклучувајќи и за локацијата на главните истражувачки центри. Голема помош давале и американските нуклеарни физичари кои сочувствувале со СССР. Благодарение на нив цртежите на бомбата на САД се нашле на бирото на Курчатов само две недели по нејзиното создавање во 1945 година

Крајот на американскиот нуклеарен монопол

Германија била разбиена без употребата на нуклеарно оружје. Американските атомски бомбардирања врз Хирошима и Нагасаки во август 1945 година биле повеќе симболичен чин: Вашингтон објавил пред целиот свет дека тој поседува суперсилна бомба. Ова послание било упатено најпрво кон Москва. По завршувањето на Втората светска војна поранешните сојузници од антихитлеровата коалиција се нашле на различни страни на барикадите. Американските и британските воени лица разработувале планови за евентуална војна против СССР. Тие предвидувале бомбардирање на најголемите советски градови со употреба на атомско оружје.

Ова можело да биде избегнато само под услов ако американскиот нуклеарен монопол биде уништен. Само две недели по уривањето на Хирошима, по наредба на Сталин бил создаден Специјален комитет, кој почнал да ги координира сите активности на нуклеарниот проект. Фактички било основано суперминистерство кое поседува огромни ресурси и вонредни овластувања. Тој бил предводен од најблискиот соработник на Сталин Л. П. Берија.

Посетители на презентација на мултимедијална инсталација создадена од страна на корпорацијата „Росатом“ за да се одбележи 65-та годишнината на советската атмоска бомба РДС-1. / Максим Блинов / РИА Новости Посетители на презентација на мултимедијална инсталација создадена од страна на корпорацијата „Росатом“ за да се одбележи 65-та годишнината на советската атмоска бомба РДС-1. / Максим Блинов / РИА Новости

Под негово непосредно раководство во СССР за неколку години се формирал нов индустриски сектор - атомскиот. Во најкус можен рок биле создадени претпријатија за збогатување ураниум, реактори, центрифуги, фабрики за производство на бомби. Во Сибир и на Урал новите индустриски комплекси се граделе во утробата на планините, од кои се заработуваат стотици тони карпеста маса. Околу нив настанале цели градови, кои често не биле означени на отворените мапи. За нивното постоење знаеле само оние кои биле директно поврзани со нуклеарниот проект.

Американското раководство било убедено дека СССР нема да успее да создаде атомско оружје порано од 1954 година. Во 1949 година се случува тестирањето на полигонот во Семипалатинск, што претставувало непријатно изненадување за САД. Се мобилизираат сите сили, во условите на повоена пропаст Советскиот Сојуз успеал да го уништи нуклеарниот монопол на САД. На овој начин биле положени основите на меѓународната безбедност, врз кои и до ден денешен стои светскиот поредок.

Александар Вершинин е доктор на историски науки, професор по историја во МДУ, виш истражувач во Центарот за проблемна анализа.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња