Најубавата девојка во СССР: Како изгледаше првиот советски избор за мис?

Историја
ЕЛЕОНОРА ГОЛДМАН
Времето на перестројката и гласноста не само што влијаеше на политичкиот и економскиот живот на земјата, туку исто така ја почна и нејзината културна трансформација. Пролетта 1988 година првото натпреварување за мис во СССР ја прикова целата земја пред телевизиските екрани.

Сѐ започна 1987 година кога весникот „Московски комсомолец” објави конкурс за најубава читателка. Конкурсот доживеа огромен успех и уредниците сонуваа за тоа да организираат нешто слично, но многу помасовно. Идејата ја изнесоа пред московското одделение на Комсомолот (Серуски ленински комунистички сојуз на младината) и тако е родено натпреварувањето под назив „Московска убавица”. Го финансираа московскиот Комсомол и спонзори, првенствено модната куќа Burda Moden. Се решија да ги прифатат сите пријави, без оглед на важечките стандарди за убавина.

Најголем проблем за организаторите беше тоа што никој не знаеше како изгледа натпревар во убавина. Тие, меѓу другото, бараа информации за тоа и во библиотеките. Кастингот е одржан во паркот Горки. Организаторот Марина Парусникова се сеќава дека редицата од кандидатки се пружал од станицата на метрото и дека таму немало само млади девојки, туку и жени со деца и мажи. Процесот траеше неколку месеци. Организаторите примија вкупно 2500 пријави и избраа 36 финалистки.

Финалето е одржано во спортската сала „Лужники“. Имаше три етапи: претставување во костим за капење, во народна носија и во вечерен фустан.

Обично на ваквите натпреварувања учесничките носат идентични костими за капење, но во овој случај секоја си донесе свој костим, па така публиката можеше да ужива во едноделни костими, како и во разнобојни бикини.

Учесничките одговараат на прашањата на сатиричарот Михаил Задорнов.

Во завршницата се пласираа само шест паметни и убави девојки. Тогаш почнаа проблемите. Парусникова се сеќава дека тие, откако се решиле да ги проверат личните карти на учесничките, откриле дека некои од нив се мажени, што било против правилата на натпреварувањето. Финалистката Ирина Суворова не само што беше мажена, туку имаше и дете. Не беше дисквалификувана, но можеше да ја заборави круната.

Меѓу шесте финалистки беше и 20-годишната Оксана Фандера, денес позната актерка. Иако му се допадна на жирито, немаше шанси да победи, затоа што дури неодамна пристигна во Москва и немаше официјален престој во градот, што беше уште едно правило.

Една од фаворитките беше Елена Дурнова, но ѝ отежна нејзиното презиме, кое на руски значи „грда“. Затоа жирито реши да не ѝ ја додели титулата на најубава московјанка.

Првата „официјално” прогласена советска убавица беше московјанката Марија Калинина. Кога подоцна разговараше со новинарите, рече дека натпреварувачките морале самите да си ја обезбедат гардеробата за натпреварувањето, па пријателките им помагале со соодветните предмети за облекување. Дури во финалето имале фустани од спонзорите.

Марија стана модел за модната куќа Burda Moden и подоцна се запиша во холивудска школа за актерство. Нејзините трошоци ги покриваше еден пар американски пензионери кои ги запознала на прием во Белата куќа. Денес живее во Лос Анџелес и држи курсеви за јога.  

На второто натпреварување наредната година победи 20-годишната студентка и членка на Комсомолит Лариса Литичевска. Третото и последно советско натпреварување за мис е одржано 1991 година и, макар што беше значително попрофесионално организирано, не привлече толку внимание, со оглед на бурните настани во земјата таа година.

Прочитајте повеќе: Осум најсексапилни жени од советските филмови