Покрај правилната нега на лицето и на телото на убавината на Русинките во голема мера влијаат климата и генетиката. Извор: Lori / Legion Media.
„Во изминативе шест години често престојувам во Русија и со сигурност можам да кажам дека руските девојки се навистина најубави“, вели Џими Луна, 38-годишен сопственик на ресторан за брза храна во Њујорк. „Поради работата често одам во Пенза. Толку убави девојки како во тој град не сум видел никаде во Америка!“ Во што е тајната на руските убавици?
Убавина со помош на науката
Што најмногу им се допаѓа на мажите?
На Интернет често се објавуваат статистички податоци за тоа што најмногу им се допаѓа на мажите кај руските девојки. Ова се некои од најчестите одговори:
„Врз убавината на нашите жени влијае тоа што во Русија уште од најраната младост девојките водат грижа за својот изглед. Веќе на 12-13 години девојчињата знаат како треба да ја негуваат кожата на лицето и на телото“, вели Маја Кириловна Кондрашова, кандидат на медицински науки и главен лекар на Меѓународниот институт за естетска медицина. Покрај правилната нега на лицето и на телото на убавината на Русинките во голема мера влијаат климата и генетиката. „Во западните земји е сè поизразено таканареченото фотостареење на кожата, односно прераното стареење и оштетување на кожата поради штетното влијание на УВ-зрачењето. Климата во Русија е таква што сончевото зрачење е послабо и затоа кожата на Русинките останува затегната и без бори“, објаснува Маја.
Еластичноста и убавото руменило на кожата се должат и на големите температурни разлики за време на летото и зимата. Затоа руските сликари често сликале жени со јарко румени образи. Исто така, не смееме да заборавиме дека низ вековите на територијата на Русија живееле многу народи кои меѓусебно се мешале (во Русија и денес живеат околу 200 различни народи!). Поради војните и селидбите многу странци останувале да живеат на руската земја. Од мешаните бракови се раѓале поздрави и поубави деца.
Словенскиот тип на убавина од европскиот и од азискиот се разликува пред сè по тоа што словенските земји имаат позатегната кожа и поткожно ткиво побогато со крв, а колку што е кожата позатегната, на неа побавно се забележуваат борите и трагите на стареењето.
„Кај нас во институтот доаѓаат главно жени постари од 40 години зашто сакаат што подолго да останат млади и да ја сочуваат природната влажност на кожата“, вели Маја Кириловна. „Младите девојки најчесто доаѓаат на советување“.
Еластичноста и убавото руменило на кожата се должат и на големите температурни разлики за време на летото и зимата. Извор: Lori / Legion Media.
Конкуренција: 100 спрема 88
Странските туристи се фасцинирани од природната словенска убавина на девојките во Русија, но и од вниманието што тие го посветуваат на негата на лицето и на телото и на грижата за својот физички изглед.„Без сомнение девојките во Русија се меѓу најубавите на светот“, вели Гонсало Фуртадо, сопственик на винарница во Порто (Португалија). „Во Москва доаѓам најмалку два-три пати годишно на саемите за вино и можам да кажам дека девојките во руската провинција се облекуваат со многу вкус и стил. Освен тоа, имаат убави црти на лицето и вита става“.
Во кој било град во Русија на улица ќе видите многу убави девојки кои се беспрекорно нашминкани и маникирани, облечени во модерни сукњи и фустани. За нив тоа е составен дел од животот.
Една од причините е и големата конкуренција. За разлика од Германија, Австрија или Јапонија каде на секои 100 жени има околу 96 мажи, во Русија на секои 100 жени има 88 мажи.
Една од најубавите и најбарани светски манекени, славната Русинка Ирина Шејк, во едно интервју има изјавено: Во мојата земја жените посветуваат многу време во нега на убавината и во грижа за физичкиот изглед. Природната убавина ја надополнуваат шминката и убавата облека, а тоа е она што ние обично го нарекуваме 'личен шарм'. Тоа е сѐ што е потребно за една убавица“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче