Без маж и лоши навики: која е Мис Русија 2017?

Титулата најубава девојка во земјата ѝ припадна на 21-годишната Полина Попова од Екатеринбург – модел, која последниве шест години ги има поминато на снимања во Европа, во Америка и во Азија.

За титулата Мис Русија 2017 се бореа 50 девојки од сите страни на земјата.

Конкурентките мораа да ги поседуваат следниве критериуми:

- девојката треба да биде повисока од 173 сантиметри

- да биде постара од 18 и помлада од 23 години

- да нема тетоважи и белези на телото

- да нема лоши навики (дури и пушењето е забрането)

- отсуство на интимни фото- и видеоснимки на Интернет

- а, исто така, да нема маж и деца.

Победничката добива круна од бело злато во вредност од еден милион долари, три милиони рубли (53.000 американски долари) и кола. За второто и за третото место се добива образование на кој било универзитет во светот.

Како резултат на тоа лице на Русија стана белата убавица од Урал, 21-годишната Полина Петрова.

Сегашната Мис на Русија живее во својот роден град Екатеринбург (1.800 километри источно од Москва). Но, последниве шест години ги поминала патувајќи низ светот, благодарение на својата работа како модел во една од агенциите во градот.

Во еден момент таа дури и помислила да се запише на еден од универзитетите во Кина, но се премислила и решила да се школува во Русија. Сепак, девојката сè уште се нема определено за својата идна професија и за местото на студирање – плановите се „веќе во многу блиска иднина“ да го реши станбеното прашање самостојно.

Според Полина, добиените три милиони рубли (53.000 американски долари), како и оние што ги има заработено како модел, планира да ги потроши на стан.

По изборот за Мис на Русија Попова ќе замине како претставник на нашата земја на Мис на Универзумот и Мис на Светот.

Интересно е тоа што веќе трета година по ред титулата на прва убавица заминува кај девојка од Урал. Така, Полина Петрова ја доби круната од минатогодишната победничка од Тјумењ (2.100 километри источно од Москва) Јана Добровољскаја, а една година пред неа победи Софија Никитчук, која исто така е од Екатеринбург.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња