Русија во првите девет месеци годинава со зголемен извоз на пченица за 54,3 отсто

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Извозните испораки на жито достигнаа 32,3 милиони тони.

Русија од почетокот на оваа година до крајот на септември извезе 32,324 милиони тони пченица и наполица (мешавина од пченица и ’рж), што претставува зголемување од 54,3 отсто во однос на истиот период лани, соопштува Федералната царинска служба.

Извозот на пченица и наполица во вредност од 6,031 милијарди долари порасна за 62 отсто. Како што се наведува во материјалот на руската царинска служба, извозот на овие производи од 4,536 милиони тони во септември опаднал за 3,2 отсто во споредба со август. Испораките на пченица и наполица во септември изразени во пари се зголемени за 1,4 отсто и достигнаа 898 милиони долари.

Според податоците на Федералната царинска служба, Русија во првите девет месеци од оваа година увезла житарки во вредност од 245 милиони долари, што е за 11,1 отсто помалку од лани. Увозот на јачмен во наведениот период од 12,7 илјади тони е намален за 92,1 отсто, а неговата вредност изразена во долари била 2 милиони, што е за 93,3 отсто помалку. Увозот на пченка во периодот од јануари до септември изнесувал 35,3 илјади тони или 14,4 отсто помалку. Вредноста на увозот изразена во долари била 127,6 милиони, што претставува пад од 7,6 отсто.

Прочитајте повеќе: Руското жито добива на квалитет, Франција незадоволна